24 Октомври, 2024
0.0266

НАД 300 НОВИ СТАНОВИ ЌЕ СЕ ГРАДАТ ВО СКОПЈЕ: Намален вкупниот број на издадени одобренија за градба, еве ги деталите

Објавено во: Економија 11 Декември, 2023

Добивај вести на Viber

Во октомври годинава се издадени 325 одобренија за градба, што е за 12,9 проценти помалку во однос на октомври лани, објави Државниот завод за статистика.

Предвидената вредност на објектите изнесува 7.539.575.000 денари или 122,5 милиони евра, што е за 47, 7 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година. 

- Намалената вредност се должи на издаденото одобрение за градење на пругата Бељаковце – Крива Паланка во октомври претходната година - потенцираат од ДЗС.

Најмногу одобренија во октомври годинава се издадени во Скопскиот, 76, Полошкиот, 75, по што следуваат Вардарскиот, 37, Југоисточниот, 34, Пелагонискиот 30, ... Најмалку дозволи за градба и во октомври има во Североисточниот, каде биле издадени 13.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 187 (57,5 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 80 (24,6 проценти) за објекти од нискоградба и 58 (17,8 проценти) за објекти за реконструкција.

На 175 (53,9 проценти) од објектите инвеститори се физички лица, а на 150 (46,1 процент) се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 790 станови, со вкупна корисна површина од 71.091 метри квадратни.

Во Скопскиот регион ќе се градат 323 нови станови,  од кои 194 во Општина Гази Баба, 53 во Центар, 51 во Петровец. Во Вардарскиот регион, пак, ќе се градат 209 нови станови, од кои 206 се во Општина Кавадарци. Нови 100 станови ќе има и во Полошкиот регион, од кои половината во Гостивар. 

Можеби ќе ве интересира

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Горан Трајковски: Јогурт од еден килограм се продава како еден литар

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Владеачкото мнозинство ги повлече спорните измени на Закон за јавни набавки

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Димитриеска -Кочоска: Институциите немаат соодветен квалитет да следат намалување на трговски маржи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

Народна банка ја намали каматата на благајничките записи

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ГАЗА Е ЕКОНОМСКИ УНИШТЕНА: Се вратија на нивото како пред 70 години

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

ПО СВЕТСКА БАНКА И ММФ ОБЈАВИ ПРОГНОЗА: Maкедонија пак е на дното во регионот

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

МИНИМАЛНА СИНДИКАЛНА КОШНИЧКА: За колку поевтини во октомври?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

ДОЛГОВИ ИМААТ ИТАЛИЈА И ФРАНЦИЈА: Која земја е најзадолжена во еврозоната?

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари

Земјите од БРИКС бараат начин да избегнат плаќање во долари