05 Декември, 2025
0.5066

Над 50 милиони евра трошат Турците за Шенген визи

Објавено во: Балкан 27 Декември, 2012 18:16

Добивај вести на Viber

Секоја година за Шенген визи над 700.000 Турци трошат над 50 милиони евра. Визниот режим кој ЕУ го спроведува за државјаните на Турција, покрај финансиските трошоци, предизвикува и низа проблеми во комуникацијата, како што е отежнување на студентите кон пристапување на програмите за размена, оневозможување на турските научници и истражувачи да учествуваат во бројни меѓународни симпозиуми и проекти и друго.

Во годината што изминува, 624.261 турски државјани поднеле барање за Шенген виза, а пет отсто добиле негативен одговор.

Со поднесувањето на барање неопходно е да се уплатат за виза 60 евра плус за дополнителни административни трошоци околу 20 евра, кои не се враќаат во случај на одбивање на барањето за издавање визи.

Доколку на овие бројки се додадат граѓаните кои сакаат да патуваат во Велика Британија, Ирска, Бугарија и Романија, трошоците се многу поголеми.

Според бројот на поднесени барања за Шенген виза во 2011 година, Русите предничат со над пет милиони барања, а зад нив се Украинците, Кинезите, Турците и Белорусите.

Најголем број Турци барале виза за Франција, а статистиката на одобрување на Шенген визи на турските граѓани покажува дека Грција најмногу, а Норвешка и Белгија најтешко ги одобруваат визите.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени

ИСТРАГА ЗА БАНКРОТ НА „ЕВРОИНС РОМАНИЈА“: Романските обвинители претресуваа живеалишта на десетина вработени