17 Мај, 2024
0.0277

Над 60 000 странци земале бугарски пасош за пет години, колкумина од нив се Македонци?

Објавено во: Економија 22 Јуни, 2016

Добивај вести на Viber

Точно 62 049 странски државјани добиле бугарско државјанство во последните пет години, соопшти бугарскиот министер за правда Екатерина Захариева во одговор на пратеничко прашање.

Огромен дел од нив (60 194 лица) добиле државјанство врз основа на „бугарско потекло“, а 1 855 врз основа на „заедничка натурализација“.

Од извештајот на министерот за правда, станува јасно дека само 6% или 3574 од луѓето кои поднеле за бугарска патна исправа биле одбиени.

Главниот дел од оние  кои добире бугарско државјанство врз основа на „потекло“се државјани на Македонија, Молдавија и Украина.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/11/vi-ja-otkrivame-najgolemata-javna-tajna-koja-e-protsedurata-za-vadene-na-bugarski-pasosh/" target="blank" ] ВИ ЈА ОТКРИВАМЕ НАЈГОЛЕМАТА ЈАВНА ТАЈНА: Која е процедурата за вадење на бугарски пасош[/button]

Колкумина Македонци земале бугарско државјанство?

Иако се фалат дека најмногу Македонци бараат бугарски пасош, сепак реално ситуацијата не е таква, но е многу блиску до тоа. Бугарските власти дале државјанство на 808 странци во 2013 година, покажаа ланските податоци на Еуростат. Речиси половина од нив се Украинци (16,6%), Молдавците (16,3%) и Македонци (15,9%). Овие бројки веројатно се зголемиле во последните две години зошто сепак интересот за ваква патна исправа секојденвно расте и се повеќе граѓани тропаат на вратата на соседното Министерство со документи в рака за да добијат државјанство.

Најголемиот број од овие пасоши се поради можноста со бугарски пасош полесно да се дојде до работа во земјите од ЕУ. Статистиката на ЕУ ги става македонците трети на листата најбројни по добиени државјанства во Бугарија.

Факт е дека бројот констатнтно расте а источниот регион и градот Делчево и понатаму се рекордери по извадени и поднесени барања. Речиси 70% од жителите на Делчево веќе имаат двојно државјанство, а таму можете да ги најдете и посредниците.

Со бугарски пасош по парче леб

Се повеќе Македонци посегнуваат по бугарски патни исправи поради солидна животна егзистенција и денар плус за парче леб.

„Најмногу се земаат пасоши од економски причини, но јас имам и луѓе кој се познати политичари, директори, лекари овде работаат, но сепак сакаат друг пасош и се свесни дека да се користат правата на друга држава е благодетна работа“, вели еден од посредниците за Фактор.

Оние кои се одлучуваат на чекорот да извадат бугарски пасош велат дека тоа им е единствен спас за егзистенција кога државата не им ја отвара вратата кон подобра работа и поголема плата.

„Со 200 евра плата ние преживуваме а не живееме. Тие пари не се доволни за да се истурка месецот. Имаме студент во Скопје, што попрво да правиме со толкави плати за што да ги дадеме“, велат граѓани од Делчево кои веќе една година чекаат да го земат пасошот и да се упатат кон Италија на работа кај блиските.

„Принудени сме да извадиме бугарски пасош бидејќи овде нема работа за сите и битна е партиската книшка која ако ја немаш нема да се вработиш, а ни па ако ја имаш не можеш да бидеш сигурен дека ќе те вработи матичната партија“, велат други граѓани.

Неофицијалните податоци велат дека 100 до 150.000 македонски граѓани добиле бугарски пасош а на овој чекор се одлучуваат и млади и стари, и студенти и печалбари , невработени и вработени кои својата иднина не ја гледаат во земјава во која признале или не тешко е да се преживее со 200 евра плата.

Исклучок не се ниту лекарите и административците од внатрешноста кои одлучиле да извадат пасош за да можат да заминат во земја каде нивниот труд ќе биде повеќе ценет и награден.

Најбројни се печалбарите од овој град кои заминуваат на сезонска работа во Италија, Швајцарија, Германија или Словенија а по нив се студентите кои годинава го испразнија градот и заминаа во Германија.  Побарувачката за бугарски пасоши е голема и кај беровчани, струмичани, битолчани и охриѓани.

Која е процедурата за вадење на бугарски пасош?

За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е  најпрво да закажете термин за прием до  ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на  ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).

Дополнителни документи кои ви се потребни се:

1.Извод од матична книга на родени

2.Копија од Пасош

3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во  Република Бугарија

4.Ако поседувате други дополнителни  документи каде вашите роднини биле бугарски граѓани.

5.Слики (за пасош формат)

Откако ќе ги поднесете сите горе наведени документи ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ако се произнесат позитивно на вашето барање во Декларацијата дека имате БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ, ќе добиете УДОСТОВЕРЕНИЕ од ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА ДЕКА СТЕ БУГАРСКИ ПРОИЗХОД да ви послужи пред:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА)

Откако ќе добиете позитвен одговор УДОСТОВЕРЕНИЕ од Државната Агенција за Бугарите в Чужбина, преминувате на вадење на неопходните документи и поднесување на молба во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА), ПРИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Со МОЛБА(ОБРАЗЕЦ) до  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА – да ви се уважи БАРАЊЕТО од Господинот Министер, поднесувате и Декларација за придобивање Бугарско Граѓанство (ОБРАЗЕЦ) УДОСТОВЕРЕНИЕ и сите потребни документи неопходни пропишани за добивање за БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, преведени на бугарски јазик , заверени на официјален  бугарски преведувач во Република Бугарија , Извод од матична книга на родени на барателот, Сведителство за осудуваност од Суд ,потоа Сведителство за Осудуваност од Полицискиот Орган (дека во моментот на вадење на документот нема кривична постапка против лицето), Медицински документ со ХИВ тест Документ за промена на име ако има таков, Кратка Афтобиографија на молителот, Актуелна Фото снимка на молителот (во пасош формат) сите документи се вадат во земјата од која потекнува молителот и преведени на бугарски јазик се предаваат во ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, со платена такса.

Бугарски пасош за 600 евра?

Потоа се закажува интервју во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ пред ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО

Потоа следи интервју од ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ кое може да биде закажано неколку месеци одапред, каде ви е одреден  термин.

Ќе треба да одговорите на одредени прашања пред ДРЖАВНИОТ ЕКСПЕРТ, во врска со Бугарската Историја да отценат дали ја познавате Бугарската Историја, знамето државно во какви бои е , одредени датуми на Државни Бугарски празници кои се, потоа дали ги знаете Бугарските Дејци, просвителите на бугарската азбука и нормално ќе ве прашаат зошто сакате да станете бугарски граѓанин, потоа ќе чекате одговор по бројот што сте го добиле дали ви одобриле (дале)  БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО со Указ (потпишан од Вицепретседателот на Република Бугарија) каде лесно може да проверите, по неколку месечно чекање на официјалниот сајт на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ ако ви е позитивно решено, добивата УДОСТОВЕРЕНИЕ дека ви е дадено бугарско граѓанство.!!!

Откако ќе го добиете Бугарското граѓанство и станете граѓанин на Република Бугарија, следи процедура за лични документи, лична карта и пасош.

Добиваш адреса на живеење.

Како и да е кога дојде „нож до коска“ не се бира, иако некои ќе го оправдаат овој чин, некои ќе обвинуваат за „предавници“ – но кога се работи за животна егзистенција луѓето очигледно се подготвени на се!

И.С

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар