05 Април, 2025
0.0575

НАД 60 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПРИЛИВИ САМО ОД ЖИТАРИЦИ - ЕУ со голема заработка и од млекото, нашето производство и понатаму се намалува

Објавено во: Економија 01 Декември, 2023 07:35

Добивај вести на Viber

Житариците и млекото се клучни земјоделски производи во Европската унија. Вредноста на вкупното производство на житни култури во ЕУ достигна 64,4 милијарди евра во 2021 година, а на млекото беше 58 милијарди евра. Двата производи заедно создаваат скоро 30 проценти од вредноста на вкупното земјоделско производство.

Ова го објави европскиот статистичи центар „Евростат“, кои ги открија регионите кои произведуваат најголем дел од житните култури, но и кои се најголемите производители на млеко и млечни продукти.

Кастиља и Леон произведуваа најголема вредност на житарици

Во Европската унија има 10 региони кои произведоа житни култури во вредност од повеќе од 1 милијарда евра во 2021 година.

-  Регионот на ЕУ кој произведуваше житни култури со најголема вредност во 2021 година беше Кастила и Леон во Шпанија, каде се произведени житарици чија вредност достигна дури 2,3 милијарди евра. Веднаш зад нив следи регионот Centre-Val de Loire во Франција чија вредност достигна 2,2 милијарди евра. Помеѓу другите 8 региони кои произведоа житни култури во вредност од над 1 милијарда евра во 2021 година, уште 4 беа во Франција (Шампањ-Арден, Пеј-де-ла-Лоара, Пикарди и Поату-Шарент), 2 во Романија (Суд-Ест и Суд – Мунтенија), еден регион во Литванија (Vidurio ir vakaru Lietuvos regionas) и друг регион во Шпанија (Арагон) – пишува во анализата на „Евростат“.

Дека интересот за производство на житни култури во Европската унија е големо, се потврдува и со фактот дека голем дел од земјоделството во унијата било ориентирано кон производство на житни култури, дури и ако тие не беа најголемите региони за производство на жита, појаснува „Евростат“.

Исто така се укажува дека четири региони во унијата вредноста на производството на жита била најмалку 40 проценти од вредноста на нивното вкупно земјоделско производство, додека во 17 региони на ЕУ учеството на вредноста на житарките во вкупното земјоделско производство се движеше помеѓу 30 и 40 проценти.

Јужна Ирска произведувала најголема вредност на млеко

„Евростат“ посочува дека земјоделството во другите региони на ЕУ беше повеќе ориентирано кон производство на млеко. Регионот што произведувал најголема вредност на млеко во 2021 година бил јужниот дел на Ирска. Имено, таму било произведено млеко во вреднсот од дури 2,4 милијарди евра. Потоа следува Бретања во Франција со 2 милијарди евра вредност, па Ломбардија во Италија каде вредноста на произведеното млеко достигнала 1,8 милијарди евра.

-  Дополнителни 5 региони создадоа млеко во вредност од најмалку 1 милијарда евра: Пејс-де-ла-Лоара и Долна Нормандија во Франција, Везер-Емс и Шлезвиг-Холштајн во Германија и Галиција во Шпанија – потенцира „Евростат“.

Она што исто така го потенцираат е дека има региони каде што млекарството и производството на млеко беа клучниот тип на земјоделство, дури и ако тие не беа најголеми производители. Имаше 8 региони каде што уделот на вредноста на производството на млеко беше најмалку 40 отсто од вредноста на вкупното земјоделско производство во 2021 година: Фризија во Холандија (47,3%), Региао Аутонома дос Асорес во Португалија (46,0%), Франче- Comté во Франција (45,6%), јужниот регион во Ирска (43,5%), Салцбург и Форарлберг во Австрија (по 43,5%), Pohjoisja Ita-Suomi во Финска (42,7%) и Кантабрија во Шпанија (41,3%).

Во Македонија континуирано се намалува домашното производство

Нашиот статистички центар не располага со волку детални податоци за вредноста на производството на житени култури и млеко во земјава.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, во 2022 година производството на млеко достигнало 324.290 илјади литри млеко, што е за 0,7 отсто помалку отколку во 2021 година.

Кај житните култури, податоци велат дека интересот се намалил во 2022 година, кога биле засеани 158.798 хектари земја со нив, додека во 2021 година биле засеани 161.441 хектари.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена