Над 7.000 фирми ставени на листата за бришење во Централниот регистар
Објавено во: Економија 02 Јуни, 2016 11:01
Вкупно 7.356 фирми се ставени на листата за бришење во Централниот регистар на Република Македонија.
Согласно член 552-а од Законот за трговските друштва, Централниот регистар објавува список на трговци поединци и трговски друштва над кои Централниот регистар на Република Македонија спроведува постапка за бришење согласно член 552-б од истиот закон, поради тоа што: до 31 декември лани до Централниот регистар на Република Македонија не поднеле годишна сметка за деловната 2014 година или не поднеле пријава за упис на адреса на електронско сандаче за прием на писмена согласно член 21 од Законот за едношалтерскиот систем и за водење на трговски регистар и регистар на други правни лица. Ќе се бриша и оние фирми кои по истекот на една година од објавувањето на уписот на веб страницата на Централниот регистар на Република Македонија за извршениот упис на основање согласно со членот 175 од Законот за трговските друштва, не го внеле, уплатиле основачкиот влог.
Централниот регистар истовремено ги повикува законските застапници, односно лицата и органите овластени за управување, застапување и надзор на субјектот, содружниците, како и доверителите (овластени подносители) во врска со субјектите содржани во овој список, во рок од една година од денот на објавувањето на ова соопштение да поднесат предлог за стечај согласно Законот за стечај или предлог за ликвидација согласно Законот за трговските друштва, и за тоа писмено да го известат Централниот регистар.
Ако во рок од една година Централниот регистар не добие писмено известување за поднесен предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.
Доколку за субјектите од списокот е евидентирано писмено известување за поднесување предлог за ликвидација, односно предлог за отворање стечајна постапка од страна на овластен подносител, во рок од една година од истекот на рокот од претходниот став, Централниот регистар не добие решение за отворена стечајна постапка, односно не е отворена постапка за ликвидација, го брише субјектот и бришењето го објавува на својата веб страница.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




