Над шест милиони евра за сеча на дрва: Фирма со нула вработени меѓу оние кои го делат колачот од Национални шуми!
Објавено во: Економија 16 Јули, 2025 08:10
Седумдесет и три фирми ќе поделат 6.295.720 евра за сечење дрва, превоз на дрвени сортименти и правење шумски патишта. Јавното претпријатие Национални шуми потпиша вкупно 96 договори за јавна набавка со овие фирмри, бидејќи како и во минатото, немаат доволно сечачи на дрва и камиони за транспорт.
Еве кои се фирмите и колкави суми ќе се одлеат кај нив – Меѓу оние кои добиле дел од колачот е и „Биби Транс“, фирмата која не функционира ниту една година, а од Национални шуми доби 165.660 евра на три дела од тендерската постапка. Сето тоа ќе го сработува, иако нема ниту еден вработен. Тука е и „Алберо Транс“ од Прилеп. Основана е лани и има еден вработен. Но, од Национални шуми ќе земе 118.558 евра за сеча, транспорт и шумски патишта.
„Тим Транс“, со петмина вработени, добива два дела од тендерот, со вкупна сума од 288.528 евра. „Певи Транс“ од Струмичко, со двајца вработени доби тендер од 13.800 евра. 229.050 евра ќе добие скопската „Добрина Транспорт“, која има четворица вработени. „Цуљи Транс“ со тројца вработени пак, зема два дела од тендерот, со сума од 69.400 евра. Фирмата „Огревно Дрво Дебреште“ добива 68 илјади евра. Во неа има двајца вработени.
Битолската „Цеда 2020 Транс“, во која има тројца вработени пак, од овој тендер ќе заработи 336.848 евра. Исто толку вработени има и „Наум Транс 2021“, фирма која ќе инкасира 310.263 евра.

Ова не е прв ваков тендер. Истото се случувало и во минатото, но ова е рекордна сума. Лани, тендер бил распишан на два наврати – еднаш, тендерот од 4.120.247 евра бил поделен на 96 дела, а потоа, од 73.034 евра на 27 дела, или вкупно во 2024 година за оваа намена биле потрошени 4.193.281 евро.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




