19 Декември, 2025
0.0524

Над шест странски компании доаѓаат во Македонија

Објавено во: Економија 05 Април, 2013 14:28

Добивај вести на Viber

Шест странски компании веќе имаат донесено одлуки, три од нив од Турција и три мултинационални од различни држави од Европа, најави денеска премиерот Никола Груевски.

- Трите турски компании деновиве заедно со директорот на Агенцијата за привлекување странски инвестиции Висар Фида ги објавија своите намери за инвестирање. Другите три очекуваме до крајот на април или почетокот на мај, кога тие ќе одлучат да се објават нивните одлуки. Од нив дел се заинтересирани за Скопје, но дел и за внатрешноста во Македонија. Една од нив е заинтересирана за охридско-струшкиот регион, односно во таа ТИРЗ која наскоро ќе почне да се гради. Друга е определена за Велес..., изјави премиерот на прес-конференција за изградбата на подземната сообраќајница во центарот на Скопје.

Тој додаде дека покрај овие шест компании има уште најмалку толку кои се влезени во финална фаза и треба да направат избор да дојдат во Македонија или во уште една друга земја.

- Верувам дека и кај овие ќе имаме добар успех и дека во поголем дел од нив конечниот избор ќе биде Република Македонија. Активно работиме на ова. Ова е нашиот главен приоритет - привлекување инвестиции независно дали се домашни или странски, отворање нови работни места за граѓаните на Република Македонија, истакна премиерот Никола Груевски

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра