НАД СТО ЛИЦА СМЕСТЕНИ ВО ГРАДОВИТЕ КАДЕ ИМА ПОВРЕДЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ - бројката ќе се зголемува

Објавено во: Македонија 19 Март, 2025 14:53
Досега 119 лица од семејствата на повредените во пожарот во Кочани се транспортирани и сместени во странство, во градовите каде што се хоспитализирани нивните најблиски.
Портпаролката на Владата Марија Митева рече дека овој број на членови од семејствата се менува и ќе се зголеми со оглед дека има нови транспорти на повредени за лекување во други земји.
- До пред еден час ја имам последната информација дека 119 лица се безбедно транспортирани и сместени. Тоа се лица од семејствата на хоспитализираните пациенти во странство. Се уште се праќаат пациенти и верувам дека има промена и на овој број и дека е зголемен. Со сите ќе стапиме во контакт, на сите ќе им биде обезбедено и транспорт, и сместување, кое ќе биде логистички најповолно за нив, во близина на самите болници каде што се сместени повредените. Се правиме што е во наша моќ да обезбедиме и барем малку да им ја олесниме состојбата на семејствата, онолку колку што можеме - рече Митева на прес-конференција.
Како што пренесовме тоа е бројот 070/270-370.
Одлуката што Владата ја најави беше официјализирана вчера на седница при што Министерството за финансии е задолжено да обезбеди 30 милиони денари и да ги пренесе на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) за помош за транспорт и сместување на најблиските на тешко повредените во пожарот во Кочани кои се на лекување во странство.
Вчера попладне, кога ја соопшти одлуката на Владата, Митева рече дека одлуката ќе се однесува и на оние лица кои заминале и пред нејзиното донесување односно може ретроактивно да добијат дополнителна исплата на средства.
Во врска со иницијативите на луѓе кои нудат помош за сместување во странство, портпаролката денеска одговори дека тоа е природно и е за поздравување.
- Како влада никогаш нема да работиме на спречување на солидарноста и помошта што доаѓа, тоа е природно и е за поздравување - рече Митева на прес-конференцијата.
Можеби ќе ве интересира
МАРШ ВО ПОНЕДЕЛНИК ВО СКОПЈЕ: Порачуваат „Доста бевме ние, системот е следен“

ТОШКОВСКИ: Употребата на пиротехника ќе се уреди со нов закон, но поради итност ќе има измени на актуелниот од 1978 година

ФРОНТМЕНОТ НА ДНК ВЛАДИМИР БЛАЖЕВ-ПАНЧО НЕ Е ВО ЖИВОТНА ОПАСНОСТ – СООПШТИЈА ОД СИСТИНА: Хоспитализиран е на одделот за интензивно лекување

ГАЗДАТА НА КЛУБОТ ДИРЕКТНО МУ ДАЛ ПАРИ НА ВРАБОТЕН ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОНОМИЈА ЗА ФАЛСИФИКАТ ЛИЦЕНЦА - истражна постапка против 27 физички и три правни лица

УШТЕ ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ПРАТЕНИ НА ЛЕКУВАЊЕ ВО СТРАНСТВО: Д-р Мерџановски со детaли за прифаќањето на повредените од пожарот во Кочани

НАСИЛНА СМРТ СО ЗАДУШУВАЊЕ ПРЕДИЗВИКАНО ОД ПОЖАРОТ Е КОНСТАТИРАНА КАЈ СИТЕ ЖРТВИ: Што друго покажува обдукцијата на починатите
Тошковски Кривични пријави за 34 физички лица, истрагата трае и понатаму

„ЛЕКУВАЊЕТО НА СИТЕ ПАЦИЕНТИ ЌЕ БИДЕ ОБЕЗБЕДЕНО ОД ДРЖАВАТА“: Митева апелира да не се шират шпекулации

СЕГА БУЛДОЖЕР. СРАМНЕТЕ ТОА ШТАЛАТА СО ЗЕМЈА, ТРАГА ДА НЕ ОСТАНЕ ОД ТОЈ ПЕКОЛ: Лукреција Маљковиќ- Атанасовска ја трогна јавноста со порака за несреќата
