НАДЛЕЖНИТЕ НАЈДОА РЕШЕНИЕ: Истечените пасоши на дијаспората ќе важат до крајот на 2021 година
Објавено во: Македонија, Корона Вирус 05 Март, 2021
Истечените пасоши на дијаспората ќе важат до крајот на 2021 година.
Министервото за внатрешни работи ќе го продложи рокот на важноста на пасошите до крајот на годината, со измена на Законот, за да можат граѓаните да ги искористат сегашните пасоши со изминат рок. Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, објасни како ќе се реши проблемот со отежнатото издавање на пасоши поради пандемијата.
„Мобилните тимови од МНР за издавање на пасоши за нашите иселеници, работат насекаде во Европа. Тие ги сликаат нашинците во странство за да
им издадат нови пасоши, со што досега се издадени над 7.000 патни документи. Но, за во Кина и Австралија има потешкотии“, изјави Османи.
Доколку мобилните тимови на Министерството за надворешни работи (МНР) отидат во Кина за да ги сликаат за нов пасош нашите 12 државјани таму, ќе треба да бидат 30 дена во карантин и затоа надлежните најдоа друго решение. Претходно, македонски државјани кои престојуваат во Кина алармираа за овој проблем, дека не се во можност да си ги обноват пасошите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.