05 Декември, 2025
0.1925

Надвор виза добиваат за 72 часа, во Хрватска информација во рок од 60 дена

Објавено во: Балкан 19 Март, 2013 12:37

Добивај вести на Viber

Проблемот на визниот режим и нерешавањето на истиот може да предизвика големи проблеми на домашниот туризам и целото стопанство, предупредуваат од Здружението на хрватските патнички агенции.

- Со влезот на Хрватска во ЕУ доаѓа до реализација на визниот режим со кој граѓаните на клучни земји како Русија, Кина или Украина ќе мораат да чекаат на виза за влез во Хрватска. Хрватска на 1 јули ќе влезе во членството на Европската унија, но во исто време не влегуваме и во шенгенскиот режим, што значи дека некои големи пазари ќе се најдат во состојба да не им треба шенгенска виза за влез во нашата земја, туку ќе мора да имаат виза за Република Хрватска. Таквиот неповолен систем по домашниот туризам ќе стапи во сила од први апрли, предупредуваат од УХПА.

Проблемот кој УХПА сака да го истакне лежи во фактот дека кон сите актуелни показатели, меродавните институции се уште не нашле модел како да се реши овој проблем. Моделите на спроведување и квалитетна реализација на издавање на визи потенцијално би можеле да доведат до откажување на голем број на странски партнери, како и намалени посети и престои на гости од тие пазари, предупредуваат тие.

- Несоодветното спроведување и ненаоѓање на решение од страна на меродавните институции до денес создадоа големи проблеми на домашните агенции, и тоа во време кога се реализира сезоната која е пред нас, а од која зависи добар дел на домашното стопанство. Ако не се дојде до решение во најкус можен рок и со конкретен план на реализација, штетата за сите субјекти за реализацијата на иднава сезона, вклучувајќи го и државниот буџет, ќе биде исклучително голема - велат од Здружението.

За пример истакнуваат дека поради неквалитетната реализација на решавање на проблемите со издавање на визи, состојбата е таква што некои туристички субјекти, на пример во Турција, во голем број ги оддалечуваат желбите за соработка и користење на годишен одмор во Хрватска.

Како што велат, неодамна некои од членките на УХПА се соочиле со состојбата, одреден број на туристички претставници од пазарите кои бараат визи, требало да стигнат во Хрватска во посета на дестинации и инспекцијата на сместувачките капацитети. Исти се од конзуларната канцеларија МВПЕИ, па бараа ургентна виза за влез во РХ, а која според меѓународните правила се издава во рок од 72 часа. На организаторите на патувања од страна на МВПЕ им е соопштено дека за решавањето на ургентните визи ќе бидат информирани во рок од 60 дена.

- Со ваквиот однос кој е последица на слабо разработен систем за издавање на визи, домашните агенции ги изгубија деловните партнери, Хрватска загуби голем број на гости, а државниот буџет значајни средства - се предупредува.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии

Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии