17 Мај, 2024
0.0283

НАФТА: Како гигантите се справуваат со новите цени?

Објавено во: Анализа 19 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

На ниво на околу 50 долари за барел, цената на суровата нафта е со над 50% пониска во однос на јунскиот максимум од 107 долари. Тие можат да се намалат и повеќе, најверојатно дури до 10-20 долари. Ова е мислењето на Гери Шилинг од Bloomberg. САД бележат економски раст во просек 2,3% на годишно ниво, откако започна реконструкцијата во средината на 2009 година. Ова е околу половина од темпото што можете да го очекувате при заживувањето од најдлабоката рецесија по 30-те години на минатиот век. Во меѓувреме, растот во Кина се забавува, во еврозоната е минимален, а во Јапонија - негативен. Земајќи го предвид силниот раст на ефикасноста на автомобилите кои работат на бензин во САД, и други мерки за заштита на животната средина, станува јасно зошто светската побарувачка на нафта е слаба и може да се намали уште. Во исто време приносот отскокнува, во голема мера благодарение на зголеменото американско производство преку хидраулично разбивање и хоризонтално дупчење, или т.н. фракинг. Американскиот принос се зголеми за 15% за 12-те месеци до ноември во однос на една година претходно, покажуваат најновите податоци, додека увозот е намален за 4%. Нешто друго фигурира во мешавината: поткопувачката сила на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК). Како и кај сите картели, замислата на ОПЕК е да обезбеди стабилни цени на суровините, кои треда да се над пазарните. Само што високите цени поттикнуваат измами и членките на картелот ги надминуваат квотите. За да функционира картелот, лидерот - во случајот Саудиска Арабија - мора да се помири со измамници и да го намали својот принос, за да спречи пад на цените. Саудијците сепак забележаа загуби на пазарниот удел при последните ограничувања на добивката. Значи Саудијците, поддржани од други нафтени производители со големи финансиски ресурси како Кувајт, Катар и Обединетите Арапски Емирати, започнаа игра на "јастреби против гулаби" со измамниците. На 27 ноември ОПЕК најави дека нема да го намалува приносот, спуштајки ги нагло надолу цените на нафтата. Саудијците си мислат дека можат да издржат на ниски цени подолго отколку финансиски послабите конкуренти, кои ќе треба да го скратат производството, штом тоа стане неекономично. Која е цената по која водечките производители ќе бидат опфатени од страв и ќе ја намалат заработката? Каква и да е цената, таа е многу помала од 125-те долари за барел, потребни на Венецуела, за да ја поддржи лошо управуваат економија. Истото се однесува и за Еквадор, Алжир, Нигерија, Ирак, Иран и Ангола. Саудиска Арабија има потреба од цена над 90 долари за да го финансира буџетот. Само што таа има 726 милијарди долари резерви во странска валута и тврди дека може да издржи две години по цени под 40 долари за барел. Освен тоа не е задолжителна цената по која производителите се плашат (и стегаат екстракцијата), да е просечната производна цена, која за 80% од новата екстракција на шкрилци на нафта во САД оваа година ќе изнесува меѓу 50 и 69 долари за барел, според Даниел Јерджин од консултантската компанија во енергетиката IHS Cambridge Energy Research Associates. Наместо тоа точката на стравот се маргиналните трошоци за производство, или дополнителни трошоци, откако сондите се пуштени и цевките се поставени. Кажано поинаку: тоа е цената по која готовинскиот тек за дополнителен барел опаѓа на нула. Минатиот месец компанијата за енергетски истражувања Wood Mackenzie потврди дека од 2222 нафтени наоѓалишта, истражени во светот, само 1,6% би имале негативен готовински тек на 40 долари за барел. Тоа значи дека нема да има многу страв со 40 долари за барел. Имајте на ум дека маргиналните трошоци за вршење производство на шкрилци нафта во САД е околу 10 до 20 долари за барел во Пермскиот базен во Тексас и речиси ист за нафтата, произведена во Персискиот залив. Обрнете внимание и на загатката во која запаѓаат финансиски тешкотии во земји како Русија и Венецуела: тие имаат очајна потреба од приходите од извозот на нафта, за да го покријат надворешниот долг и да го финансираат увозот. И колку е пониска цената, толку повеќе нафта тие мора да произведуваат и да извезуваат, за да заработат истото количество долари - валутата што се користи за вредноста и трговијата со нафта. Како резултат на новите наоѓалишта, стабилноста во делови од Блискиот Исток и зголемената ефикасност на експлоатацијата, светската нафтена екстракција несомнено ќе се зголеми во текот на следните неколку години, засилувајќи го притисокот врз цените. Се предвидува дека американското производство на сурова нафта ќе се зголеми за 300 000 барели дневно во текот на следната година во однос на 9,1 милиони сега. Сигурно бројот на сонди се намалува, но работата ја запираат неефикасните бунари, а не хоризонталните кои се столбот на фракинговата индустрија. Не смее да се пропушти и неодамнешниот договор на Ирак со Курдите, што значи дека уште 550 000 барели дневно ќе влегуваат на пазарот. И додека понудата расте, побарувачката слабее. ОПЕК предвидува дека побарувачката на нафтата, добиена од картелот, ќе го одбележи 14-годишен минимум од 28,2 милиони барели на ден во 2017 година - со 600 000 барели помалку отколку што се очекуваше пред година и под сегашното ниво од 30 , 7 милиони барели. Картелот ја намали и оценката за побарувачката во 2015 година - до 12-годишен минимум од 29,12 милиони барели. Во меѓувреме Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) ја намали прогнозата за светската побарувачка оваа година по четврти пат во последните 12 месеци - со 230 000 барели дневно до 93,3 милиони, и се очекува понудата да ја надмине побарувачката со 400 000 барели на ден во 2015 година Иако поевтинувањето со 40% на бензинот во САД од април 2014 година ги натера потрошувачите да купуваат спортски автомобили и пикапи со висока потрошувачка, во последните неколку години при набавките се набљудува најефикасната до моментов комбинација на автомобили и камиони. Во исто време на застој во Кина и преминот кон кориснички услуги ја потиснува побарувачката на нафта. Во последната деценија на Кина се паѓаа две третини од зголемувањето на побарувачката на нафта. Затоа очекувајте сеуште големи падови на цените на суровата нафта и поврзаните со неа енергенси. К.К.