Нафта за греење донира Сорос на училишта во Солун
Објавено во: Балкан 08 Март, 2013 15:35
Донација од 50 до 90 тони нафта дала Фондацијата Институт „Отворено општество“ на Џорџ Сорос за греење на неколку јавни училишта во Солун, а финансиската комисија на општината ја прифатила понудата со резерва поради „промакедонскиот став на милијардерот“, јавуваат грчките медиуми.
Предлогот формално бил испратен како писмо до градоначалникот на Солун Јанис Бутарис, во кое пишувало дека организацијата ќе обезбеди 50 до 90 тони за јавните институции на кои најмногу им треба, пишува весникот „Димократија“.
Заманик-градоначалникот на Солун задолжен за финансии Хасдаи Капон за весникот изјавил дека „членовите на Комисијата за финансии го прифатиле спонзорството“. Коментирајќи го фактот што Џорџ Сорос е „проскопски настроен“, Капон рекол дека тоа што градските власти на Солун ја прифатиле понудата „не значи дека сега Скопје ќе го нарекуваат Македонија“ и додал дека „потегот на фондацијата е од хуманитарен карактер“.
Други претставници на локалните власти истакнале дека понудата е прифатена со голема резерва поради промакедонскиот став на милијардерот од Вол Стрит.
Грчките блогери бурно реагираа на овој потег на солунските власти.
Некои од нивните коментари се дека „Сорос не дава пари затоа што е толку чувствителен туку откако ќе почеша нечиј грб, ќе дојде време кога ќе побара противуслуга“. „Срамота е што Бутарис ја прифатил понудата“ се повеќето коментари по форумите каде се тврди дека донацијата на фондацијата Институт „Отворено општество“ е само изговор и прв чекор од планот за создавање на своја мрежа во Грција.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





