Нафтата поевтинува и покрај послабиот од очекуваниот раст на резерви во САД
Објавено во: Економија 31 Март, 2016 09:52
Нафтата поевтини во четвртокот и го прекина подемот, забележан во претходната сесија. Очекувањата дека презаситеноста на пазарот наскоро нема да биде надмината, како и поскапувањето на доларот, го влошија размислувањето, посочува „WBPonline“.
Во 9:30 часот американската лесна сурова нафта WTI се тргуваше со 1,23% пад до 37,85 долари за барел, а европскиот репер Брент поевтини со 1% до 39,65 долари за барел.
Во средата американската Администрација за енергетски информации објави раст на нафтените резерви во износ од 2,3 милиони барели во текот на неделата до 25 март, што е помалку од очекувањата. Производството во САД паѓа до 9,02 милиони барели дневно, што е најниско ниво од ноември 2014 година и со 2% пониско од тоа на почетокот на годината. Резервите од бензин се намалија со 2,51 милиони барели минатата недела, што е повеќе од прогнозираниот пад од 2,23 милиони барели.
Посебен извештај покажува дека ископувањето во ОПЕК достигнува 32,47 милиони барели дневно во март, што е над обемот од февруари (23,37 милиони барели).
Поскапувањето на доларот исто така натежна на цената на нафтата, бидејќи посилната валута ги прави суровините, деноминирани во долари, поскапи за носителите на други валути. „WBPonline“ наведува дека во средата доларот се тргувал со пад и тоа придонело за поскапувањето на нафтата.
Претстојните макроекономски вести во САД ќе се следат многу внимателно, бидејќи може да влијаат на динамиката на доларот. Во петокот се очекуваат владините податоци за вработувањето во САД, кои се следат од Федералните резерви.
Се следат и коментарите од страна на претставници на ОПЕК пред нивниот состанок во Катар на 17 април, кога ќе се разгледува евентуално замрзнување на родот на јануарските нивоа.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




