Нафтата повторно се „лизна“ под 50 долари за барел
Објавено во: Економија 01 Јуни, 2016 10:07
Нафтата поевтини денеска, а цената на американската лесна сурова нафта WTI падна под 49 долари за барел, откако на пазарот се фокусира на претстојната средба на ОПЕК во четвртокот.
Цените на WTI паднале за 0,90% до 48,66 долари за барел, а европскиот репер Брент поевтинил исто со 0,90% до 49,42 долари за барел до 10:30 часот.
Анкета на Ројтерс покажа дека ископувањето во ОПЕК е намалено со 120 илјади барели до просек 32,52 милиони барели дневно во мај, што е помалку од што пазарите прогнозираа. За падот придонесуваат најмногу Нигерија и Либија, но повисоката продукција во Саудиска Арабија и Иран го ограничува падот во производството.
Инвеститорите стануваат претпазливи пред средбата на ОПЕК во четвртокот, иако пазарите не очекуваат големи одлуки по разговорите. Се очекува картелот да ја продолжи стратегијата за заштита на пазарниот удел, наместо да промовираат поскапување, замрзнувајќи го производството.
Во средата Американскиот нафтен институт се очекува да ги објави податоците за растот на нафтените резерви во САД во текот на неделата до 27 мај, а официјалните владини податоци на Администрацијата за енергетски информации ќе излезат во четвртокот.
Аналитичарите очекуваат пад од околу 2,72 милиони барели, откако претходната недела падот изнесуваше 4,23 милиони барели.
Компанијата за истражување на пазарот Genscape изјави дека резервите во складиштето Кушинг, во државата Оклахома, се намалиле со 686 700 барели минатата недела.
Се очекува побарувачката на горива во САД да се зголеми во текот на летото.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




