Нафтата се лизга кон критични ценовни нивоа
Објавено во: Економија 03 Август, 2016 09:55
Цените на нафтата флуктуирале на меѓународните пазари, од силните добивки на почетокот на денот вчера, до нова најниска цена во речиси четири месеци.
Поради слабеењето на доларот цените на нафтата во претпладневните часови биле во пораст. Неколку часа подоцна, нафтата повторно поефтини поради стравот од прекумерна понуда.
Цената на брент нафтата паднала 0,71 отсто, на 41,84 долари за барел, додека цената на американската WTI нафта паднала 1,27 отсто, на 39,55 долари, под границата која аналитичарите ја сметаат за критична. Во последните пет недели цените на нафтата паднаа за повеќе од 20 отсто.
„Многу се говори за заситеноста на понудата на нафтени деривати, после заситеноста на пазарот на сирова нафта, а тоа е загрижувачки показател за побарувачката за нафта“, рекол Франк Клумп, аналитичар на нафтените пазари од Landesbank Baden-Wuerttemberg.
Глобалните залихи на горивата се преполни, имајќи предвид дека рафинериите прекумерно произведуваат дизел, бензин и млазни горива, а заситеноста на понудата ги намалила профитните маржи.
Аналитичарите истакнуваат дека високите нивоа на сирова нафта и нејзините производи и понатаму се проблем за пазарот и како резултат на тоа рафинериите веројатно ќе ги намалат порачките за сирова нафта и под притисок ќе ја стават побарувачката за нафта.
„Низ рафинериите ќе поминуваат намалени колични на сирова нафта, ќе падне побарувачката за неа“, се наведува од BMI Research.
Одвоено ОПЕК во вторникот на својата станица објави дека референтната цена на барелот изнесувала 39,10 долари, што значи дека останала речиси непроменета во однос на претходниот трговски ден.
Во фокус на инвеститорите ќе бидат извешатите за залихи на сурова нафта во САД, кои одделно, ќе ги објави Американскиот институт за нафта и Американското министерство за енергетика.
Можеби ќе ве интересира
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?




