29 Септември, 2024
0.0236

НАФТЕН БИЗНИС: Макпетрол го држи приматот, ОКТА и Лукоил му дишат во врат!

Објавено во: Анализа 04 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Пад на продажбата на нафтени деривати на домашниот пазар, регистрираа нафтените компании во земјава минатата година. Потрошувачката била намалена за 3,76%.  Односно, лани, во земјава се потрошиле вкупно 777.133 тони нафтени деривати, додека пак во 2012 година биле потрошени 806.489 тони. Според податоците, граѓаните најмногу точеле дизел горива. „Или  53,24%, од вкупно потрошените нафтени деривати отпаѓаат на дизел горива. Потоа, следува мазутот со 15,72% и безоловните бензини со учество од 15%. Екстра лесното масло (ЕЛ-1) во вкупната потрошувачка учествува со со 8,51%, течниот нафтен гас со 6,22% и млазното гориво со 1,3%.“ Колку дизел и бензин точеле Макпетрол, Окта и другите бензиски станици Лани, граѓаните на Македонија потрошиле 413.742 тони дизел горива. При тоа, податоците покажуваат дека од вкупно наточениот дизел само 2.361 тони отпаѓа на биодизел, а останато е еуродизел. „Најмногу дизел горива се точеле на Макпетрол. Односно, оваа нафтена компанија лани продала 143.955 тони дизел гориво. На Окта биле наточени 10.931 тони дизел, а на останатите бензиски станици граѓаните наточиле 258.856 тони дизел. “ Вкупната потрошувачка на моторни бензини во земјава, лани изнесувала 116.603 тони. Од нив, само 14.412 се Еуросупер БС-98, додека се останато е Еуросупер БС-95. „И во продажбата на моторните бензини, Макпетрол го држи приматот. Односно на бензинските станици на компанијата се продал 56.862 тони моторни бензини. На Окта се наточиле 2.392 тони  моторни бензини, а додека на останатите бензиснки станици, биле продадени 57.349 тони моторни бензини“ Официјалните податоци велат дека во Македонија работат околу 270 бензински пумпни станици. Иако, има промени во сопственичката структура во малопродажниот сектор, сепак Макпетрол е сè уште доминантно претпријатие во делот на малопродажбата со 124 бензински станици. Потоа следат Лукоил со 24 бензински станици, ОКТА со 23 бензински станици, додека преостанатите 99 бензински станици се во приватна сопственост на повеќе домашни мали претпријатија. Цени на нафтени деривати во 2013 година На почетокот на годината, односно во јануари 2013 година, еден литар Еуросупер БС-95 се продаваше по цена од 82 денари, а на крајот од годината, односно во декември чинеше 78,50 денари за литар. „Највисоката вредност, Еуросупер БС-95 ја достигна во февруари лани, кога изнесуваше 85 денари за литар, а најевтин беше во ноември кога чинеше 76,50 денари за литар. “ Во јануари, лани, литар Еуросупер-98 се продаваше за 83,50 денари за литар, додека во декември чинеше 80 денари за литар. „Најскап беше во втората половина на февруари, кога еден литар од овој нафтен дериват се продаваше за цена од 87 денари, а најевтин на почетокот на ноември кога чинеше 78,00 денари за литар.“ Во однос на цените слична беше сликата и со Дизел горивата. Односно во јануари лани изнесуваше 72 денари за литар, а во декември 70 денари за литар. „Максималната цена, дизелот лани ја имаше во септември кога изнесуваше 73 денари за литар, додека најевтин беше во втората половина на јуни, кога литар дизел чинеше 66,50 денари.“ Во малопродажната цена на нафтените деривати се вклучени: Рафинериската цена на нафтените деривати – која се пресметува согласно Mетодологијата пропишана со Анекс Д од Договорот за купопродажба на акции и за концесија на Рафинерија АД “ОКТА” – Скопје. „Потоа, трговска маржа, чија вредност може да биде различна. Односно, има четири различни трговски маржи, кои меѓусебно се разликуваат за 0,5 денари по литар. На овој начин се дава можност трговците да одберат и применат различни ценовни нивоа, со тоа што разликата помеѓу највисоката и најниската малопродажна цена за соодветен нафтен дериват изнесува 1,5 денари по литар. Сепак речиси сите тргови ја одбираат највисоката маржа. “ Следува , трошокот за превоз - вредноста на овој трошок е упросечена и изнесува 0,50 денари за литар. Акциза за нафтените деривати и данокот на додадена вредност (ДДВ), што изнесува 185. Вклучени се и надоместок за финансирање на активности од областа на животната средина и надоместокот за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Окта со намалено производство лани Минатата година преку нафтоводот се увезени 51.512 тони сурова нафта. Тоа, е за 80,14 % помалку количини на сурова нафта во однос на увезените количини во 2012 година, кога изнесувале 259.355 тони. Официјалната статистика покажува дека вкупната количина на произведени нафтени деривати во ОКТА лани изнесува 60.671 тони, што е за 76,36 % помалку во однос на производството на нафтените деривати во 2012 година кога изнесувале 256.694 тони. Во истовреме пораснал увозот на нафтени деривати. Односно, минатата година во државата биле увезени 854.368 тони нафтени деривати, што е за 5,53% повеќе во однос на увезените количини на нафтени деривати во 2012 година, кога изнесувале 809.562 тони. „Најголем увозник и оваа година е ОКТА која учествува со 54,83%, потоа следат Лукоил  со 11,84%, Супертрејд   со 9,34%, Минка Оил со 6,75%, Црна Река Петрол со 5,35%, С-Игор Кичево со 2,2%, Марија Треид Велес со 1,84%, РТ Транс Логистик со 1,62% и останатите трговци со 6,23% учество во вкупниот увоз на нафтени деривати. “