19 Декември, 2025
0.0430

НАФТЕНА ВОЈНА: Макпетрол, ни на небо, ни на земја!

Објавено во: Економија 06 Април, 2016 07:43

Добивај вести на Viber

На повидок нов судир меѓу државата и Макпетрол, кој го доведува во прашање складирањето на државните резерви со нафта и нафтени деривати. Од една страна, Макпетрол тврди дека повеќе нема да ги „чува“ државните резерви на нафта и нафтени деривати, со образложение дека веќе не ја поседува лиценцата за оваа дејност, и дека Регулаторната комисија за енергетика незаконски им ја продолжила таа лиценца, а во меѓувреме од нив бара да достават документи кои тие не ги поседуваат. Од  друга страна, Регулаторната комисија за енергетика пак тврди дека лиценцата на Макпетрол е времено продолжена за една година, поради обемност на документацијата потребна за лиценнцирање, и  како и сложената постапка да се обезбеди таа докуменација од други надлежни институции. Според регулаторите и во следната година Макпетрол ќе треба да ги „чува“ државните резрви а нафта и нафтени деривати. Макпетрол  –  доставивме барање за продолжување на лиценцата, но се бараат документи што не ги поседуваме, а при тоа лиценцата ни е времено продолжена Поради проблемите кои се јавиле при барањето за продолжување на лиценцата, Макпетрол информираше дека од вчера повеќе нема да ја врши дејноста складирање. Од нафтената компанија преку информација доставена на берзата посочуваат дека во текот на вчерашниот ден лиценцата за складирање на нафта и нафтени деривати е истечена и дека тие повеќе нема да ја вршат тааа дејност. „Макпетрол,  почнувајќи од 5 април годинава нема да превзема никакви дејствија во поглед на располагањето со резервите за кои е складиштар и воедно не превзема никаква одговорност за последиците кои би произлегле“, се наведува во ценовно чувствителната информација што Макпетрол ја достави до берзата. Според писмената информација на Макпетрол, надлежните од компанијата  уште во јули минатата година поднеле барање за продолжување на лиценцата. При тоа ја доставиле истата  документацијата со која и во 2005 година им била издадена лиценцата. Но, Регулаторната комисија за енергетика, иако сметала дека Макпетрол треба да достави  дополнителна документација, времено им ја продолжила лиценцата, со назнака дека документацијата треба да биде дополнително комплетирана. Токму тука се јавува и проблемот затоа што документацијата што се бара  Макпетрол не ја поседува, бидејќи се бараат имотни листови за складиштата, кои не се во сопственост на нафтената компанија, туку се имот на државата, па со самото тоа Макпетрол не е во можност да ги достави. Но, исто така, според тврдењата од Макпетрол, Регулаторната комисија за енергетика не ги испочитувала ниту роковите во кои требало да одлучува, и затоа, Макпетрол смета дека  одлуката за времено продолжување на лиценцата е незаконска. „Регулаторната комисија за енергетика незаконито времено ја продолжи лиценцата  и побара да се достави дополнителна документација која не е во сопственост на Макпетрол АД Скопје ниту истата може да ја обезбеди “, стои во ценовно чувствителната информација што Макпетрол ја достави до берзата. РКЕ – Макпетрол и натаму ќе ја врши дејноста складирање на нафта и нафтени деривати Со свој став се огласија и од Регулаторната комисија за енергетика, од каде информираат дека лиценцата на Макпетрол за складирање е времено продлжена. „Поради обемност на документацијата потребна за постапката за лиценцирање, како и сложеноста на нејзиното обезбедување од други надлежни институции, го продолжи рокот за преземање на одделни дејствија во постапката за продолжување на лиценцата за складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт на „Макпетрол“ АД - Скопје  покрената од страна на „Макпетрол“ АД - Скопје, за период од една година“, се вели во соопштението на Регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите дополнуваат и дека во овој период Макпетрол ќе треба да ја врши дејноста за складирање. „Макпетрол“ АД – Скопје, сеуште е носител на лиценцата за Складирање на сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, издадена на 02.10.2005 година, со која ја врши дејноста складирање на резервите од нафтени деривати во државна сопственост, како и на сопствените резерви ,“додаваат од Регулаторната комсија за енергетика. Н.С.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар