05 Декември, 2025
0.0325

Нафтена војна меѓу ОКТА и Владата!

Објавено во: Економија 19 Октомври, 2012 02:18

Добивај вести на Viber

Извори упатени во случувањата во нафтениот сектор тврдат дека нафтената војна меѓу ОКТА и Владата влече подлабоки корени и дека е дел од случувањата на вкупната економска сцена во државата. Изворите на  ФАКТОР велат, дека тиквата меѓу грчките газди на ОКТА и владините претставници пукнала поради неколку месечечниот пост во работењето на рафинеријата, време во кое не се прозиведуваа нафтени деирвати, туку само се увезуваа. Ваквата ситуација, велат нашите извори ја влоши статистичката база на податоци и Македонија прикажа негативни резултати и во индустриското производство и во однос на БДП, а се влоши и трговскиот дефицит на земјата. Информациите покажуваат дека најголем пад во индустриското прозиводство создава токму неработењето на ОКТА. Производството на нафтени деривати во изминатите 8 месеци од годината е за дури 70 проценти помало во споредба со истиот период лани. Ова, еквивалентно се одразува и на Бруто домашниот производ, кој прикажа пад веќе два квартали по ред, со што Македонија и официјално влезе во рецесија. Ваквите случувања, кои во голем дел се предизвикани и од неработењето на ОКТА ја кренале на највисоко ниво нервозата во владиниот тим што придонесе и за официјално објавување на војна на рафинеријата, со одземање на лиценците за увоз и извоз на нафта, кои се проследени и со кривични пријави.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања