24 Ноември, 2024
0.0275

Нафтоводот Скопје - Солун води борба со државната бирократија пред да биде пуштен во употреба

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2024

Добивај вести на Viber

Министерството за економија изминатите месец и пол дена донесе два потребни акти за пуштање во употреба на нафтоводот од Скопје до Солун, истовремено како два чекори напред во премостувањето на бирократските „лавиринти“ за неговото повторно функционирање.
Во текот на мај е донесен потребниот „Правилник за користење и одржување на нафтовод и продуктовод“, а изминатата недела е усвоена и Методологијата со која се утврдува „начинот на определување на износот на надоместокот за извршениот транспорт преку нафтовод“.

Нафтоводот има добиено зелено светло за работа од страна на Регулаторната комисија за енергетика, но се уште се чекаат останатите потребни документи. Последната информација е дека се потребни дозволи од институциите поврзани со транспортот и животната средина, па дури и од МВР.

Повеќе од половина година се чека да биде ставен во функција продуктоводот Солун – Скопје кој претходно беше затворен повеќе од една деценија. Целата процедура меѓутоа заглави привремено во административно-технички подготовки. 

Последниот одговор од Министерството за економија за медиумите е дека гтреба да се обезбедат „Технички услови за транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот; Технички услови за одржување и безбедно функционирање на продуктоводот; Мерки и процедури во случај на несреќи; Начин, услови и постапка за пристап на трета страна до продуктоводот; Функционални барања и класа за точност на мерните уреди и начинот на мерење на транспортираните количини на нафтени деривати преку продуктоводот и други технички услови кои се неопходни за безбеден и сигурен транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот“.
Вардакс, компанија која е сопственик на нафтоводот и подружница на грчки Хеленик Петролеум, веќе достави до Министерството за економија предлог Правила за работа на продуктоводот за одобрување. Новата влада во наредниот период ќе треба да го одобри ценовниот тарифник за вршење транспорт преку овој нафтовод. Од вкупните приходи, 20 отсто ќе ги добива македонската страна, бидејќи со толкав удел учествува во акционерското друштво.

Информациите дека нафтоводот или по ново продуктоводот Солун – Скопје повторно, по 13 години ќе биде вратен во функција, излегоа во јавноста кон крајот на ланската година. Тоа треба да доведе до некое намалување на цената на сировата нафтата како гориво,  да биде поквалитетна и да се зголеми контролата при царинењето. Од друга страна ќе се намалат и штетите од транспортот со цистерни. А.К.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

МИЦКОСКИ: Договорена е каматна стапка од 1,95 отсто, до три години грејс период и до 15 години рок на отплата за компаниите

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

ПОСКАПЕ ЗЛАТОТО: Расте и цената на среброто

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

НАЈВИСОКИ ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Кои сектори се на врвот?

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

МЕГАПРОЕКТ КОЈ ЈА МЕНУВА СЛИКАТА НА ЦЕЛИОТ КОНТИНЕНТ: Вреди 3,1 милијарди долари, го изградија Турците

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

КОЛКУ Е СЕГА БОГАТ МИСТЕРИОЗНИОТ КРЕАТОР НА БИТКОИНОТ, САТОШИ НАКАМОТО? Првиот „рудар“ престанал да копа во 2010 година

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ОД САМОУК ИНЖЕНЕР ДО НАЈНОВ МИЛИЈАРДЕР ВО ВСЕЛЕНСКАТА ИНДУСТРИЈА: Станува опасна конкуренција на Илон Маск

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ДО BBC СТИГНАА ВИДЕО СНИМКИ – РУСИТЕ ИСПОРАЧУВААТ НАФТА НА СЕВЕРНА КОРЕЈА: „Ова е нафта за проектили, нафта за артилерија и сега нафта за војници“

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна

ШПАНИЈА КАЗНИ ПЕТ НИСКОБУЏЕТНИ АВИОКОМПАНИИ ЗА ВИСОКИТЕ ДАВАЧКИ ЗА БАГАЖ: Еве која заработи најголема милионска казна