29 Септември, 2024
0.0266

НАГРАДНИ ИГРИ ОД ЛАЖНИ ПРОФИЛИ НА ПОЗНАТИ БРЕНДОВИ - МВР со предупредување: еве како можат да ве измамат

Објавено во: Македонија 21 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи во изминатиот период констатираше зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа Фејсбук, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

- При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра.  Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта - појаснуваат од МВР.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет. 

- Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет - истакнуваат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“