05 Декември, 2025
0.1653

Тендер за реконструкција на делницата Велес-Катланово

Објавено во: Македонија 19 Март, 2013 15:19

Добивај вести на Viber

Автопатската делница Велес-Катланово ќе се рехабилитира со средства во износ од 7,8 милиони евра, од кои 85 проценти грант од Европската унија, а 15 проценти од буџетот на Македонија За реализација на проектот, Европската унија денеска на својата интернет страница ги претстави плановите за тендерите за градежни работи и надзор над градежните работи. Објавата, според прописите на ЕУ е дел од целосната постапка за реализација на овој проект, а паралелно се работи на изготвување на тендерската документација и по нејзино одобрување од службите на Европската унија, ќе следи и објавување на тендерот за градежни работи и надзор, соопшти Министерството за транспорт и врски. Во рамки на Оперативната програма за регионален развој (за програмскиот период 2012-2013 година, Министерството за транспорт и врски во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, како врвен приоритет во делот на инвестиции во патната инфраструктура, го предложи проектот за рехабилитација на автопатската делница Велес-Катланово, како дел од Коридорот 10 за финансирање од европските фондови. Делегацијата на ЕУ во Македонија го одобри проектот на 6. овој месец. Со него е предвидена рехабилитација на патната делница од Велес до Катланово во должина од околу 24 километри, преку целосна обнова на асфалтот по целата должина од делницата, поставување нови банкини и заштитници, нова, современа хоризонтална и вертикална сигнализација, мрежи за заштита од одрони. Со тоа, според Министерството за транспорт, пред се, ќе се овозможи зголемување на безбедноста при патување, намалување на бројот на сообрајќајни незгоди, скратување на времето на патување, како и намалување на трошоците за одржување на возилата кои поминуваат по делницата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски