05 Декември, 2025
0.0374

Најавена либерализација во електро-енергетскиот сектор

Објавено во: Економија 16 Октомври, 2012 13:06

Добивај вести на Viber

Од почетокот на наредната година Македонија  ќе формира пазар за тргување со електрична енергија на дневна основа за размена на енергија меѓу балансните групи. Пазарот ќе го организира МЕПСО во согласност со Законот за енергетика, како втора фаза од либерализацијата на енергетскиот сектор. Токму потребата за форирање на место за тргување е причина за посетата на експертски тим од Македонскиот електро-преносен систем оператор на Маркет операторот БОРЗЕН и Берзата на електрична енергија БСП Соутх Поол од Словенија, земја со сличен конзум како Македонија. Претставниците на МЕПСО во пракса имаа можност да ги прошират знаењата за организација на пазарот за електрична енергија, за модалитетите на тргување, за продуктите кои се тргуваат на словенечкиот пазар, за реализацијата на тргувањето и за порамнувањата и деловните односи меѓу учесниците на пазарот. За време на посетата на БСП тие можеа во живо да го следат тргувањето на пазарот за тргување „ден однапред“ со електрична енергија, а им беше презентирана и организацијата на денот, мечување на понуда и побарувачка, клиринг и организација на порамнување трансакции. - Формирањето на Берзата за електрична енергија практично доведе до стабилизирање на цената на струјата на словенечкиот пазар за крајните потрошувачи. Цената од 2007 година, кога целосно беше либерализиран пазарот на електрична енергија во Словенија, порасна само за незначителни процент до два. Дури и годинава во февруари во екот на енергетската криза цената на Берзата беше релативно стабилна и достигна до 85 евра просечно со пик од само 103 евра, рече Анже Предовник, помошнкот на генералниот директор на БСП. Отворениот пазар на електрична енергија придонесе во Словенија да има пет дистрибутивни компании и осум до девет снабдувачи со електрична енергија. - Тоа во пракса им овозможува на домаќинствата секој месец да можат да ја менуваат дистрибутивната компанија која ги снабдува со електрична енергија што придонесува за дополнителна конкуренција и зголемување на квалитетот на услгите со намалување на цените, рече Андраж Шавли, раководителот на Секторот за органзирање трговија во БОРЗЕН. Генералниот директор на БСП, Горазд Ажман очекува доколку има ниски температури и зимава во одреден период да се појави недостиг на електрична енергија што може да предизвика зголемување на нејзината цена на пазарот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања