05 Декември, 2025
0.0527

НАЈАВЕНИ СЕ OБИЛНИ ВРНЕЖИ: Oва е начинот на кој овоштарите во ресенско можат да ги заштитат насадите со јаболка

Објавено во: Македонија 26 Ноември, 2025 08:10

Добивај вести на Viber

Минатата недела имаше поплави во ресенско, најавени се нови врнежи, а на овоштарите им се советува да си направат канал, доколку тоа досега не го сториле, со цел да ги заштитат дрвцата од вишокот вода. Сепак, се смета дека поплавите кои се случија неодамна нема да нанесат штети на овошните насади. Чистите речни корита исто се предуслов за да нема поголеми излевања.

„Овошните насади се во фаза на хибернација. Водата ќе се исуши, проблеми нема да има. Генерално, овоштарите имаат одводни канали. Можеби има изолирани случаи, во реката ако имало ѓубре, пестициди, ако стигнале во овоштарниците, но бидејќи само во Царев Двор и Дрмени беа поплавени, денеска вода нема во ниту еден овошен насад. Се очекуваат нови дождови, но и од општината чистеа на критичните места. За три дена околу 200 литри дожд наврнаа претходно. Во Преспа нема пластеници, многу ретко, генерално луѓето се ориентирани на производство на јаболко. Критични точки во цела Преспа се 2 или 3 места и ако зборуваме за превентива, мора да се исчистат речните корита. Треба целосно да се чистат, темелно. Ако е делумно исчистено, се задушува водата во речното корито. Земјоделците си ги знаат местата кои се блиску до реката, едниствен начин е да направат канал. Со механизација да си направат канали, таму каде има најниска точка. Посебно ако е пониско, ако е блиску до реката. Само ако е многу долг периодот со излавања, ако тоа трае со месеци, може да настане проблем, затоа што секоја овошка во време на хибернација сака сув корен. Тоа не се случило досега. Во 1962 година имало големи поплави, но насадите преживеале. Насадите се со поголема бујност на коренот, коренот е длабоко во почвата и нема проблем, а доколку би биле како тие на Запад, со помала бујност, би имало проблем. Генерално во Преспа нема да има проблеми. Вегетацијата почнува при крајот на март. Во 2015 година имаше поголеми количини со снег, имаше топење, но годината беше плодна, помина добро“, вели агрономот од Ресен, Владимир Лабачевски.

Колкави количини дожд паднале е особено значајно во пролет. Тоа се мери во мерната станица преку цела година, но и дел од овоштари истото го прават. Целта е да се предвиди и спречи развојот на болести. Се мери и влажност на листот и други параметри. Овие информации се важни за овоштарството во регионот. Развојот на инсекти се следи на тој начин.

Местоположбата на овоштарникот е многу важна во случај на обилни дождови и појава на поплави.

„Во мојот реон немаше поплавување, а во други имаше.  Канали имало отсекогаш, но последниве години се сушни и тие не се одржувани, се запуштени, дел се функционални, а дел не. Каналите можат да завршат работа, но ако се одржуваат. Излевањата се пред селото или после селото. Во самото село, кај што не е добро исчистено коритото, тука е проблемот. Кај што е коритото со бетон, подобро е, не може да дојде до поплавување. Директни последици нема на овоштарниците, со ретки исклучоци. Може на некој штета да му е направена со индустриските јаболка, водата ако ги однела, сепак пари се во прашање“, раскажува жител на селото Царев Двор.

Излевањето на Источна Река и Болнска Река минатата недела поплави куќи, дворови, магацински простори и други површини во селата Царев Двор и Дрмени.

До сабота времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а најинтензивни врнежи се очекуваат во четврток. 

Сања Атанасовска

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

(ВИДЕО) Пожар изби во Старата скопска чаршија

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец

Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец