05 Декември, 2025
0.0992

Најави за инвестициски бум и развој на туризмот во Дојран

Објавено во: Македонија 29 Јуни, 2013 17:11

Добивај вести на Viber

Од мало погранично место, Дојран ќе прерасне во вистинска дестинација за одмор и рекреација, но место за влез на инвестиции, најави денеска градоначалникот на Дојран, Борче Стамов. Тој се пофали со досега сработеното и ги најави и идните проекти, споменувавајќи ја новата канализација, реконструкција на пречистителната станица, уредување на просторот наменет за пазар во Стар Дојран, новото пристаниште со капацитет од 16 чамци.

„Посветивме големо внимание на уредувањето на брегот на Дојранското Езеро, со наши средства комплетно ја реновиравме плажата Калдрма во Нов Дојран, а исчистивме и отворивме простор за две нови плажи во Стар Дојран. Во тек е објава за прибирање на идејни решенија за две нови плажи, едната во должина од 500 метри, а друга 100 метри, кои треба да бидат готови за наредното лето“, изјави Стамов и додаде дека еден од нивните најзначајни проекти е отварањето на фронтовата линија, која ќе претставува своевиден музеј на отворено на Првата светска војна.

Тој додаде дека во соработка со Армијата на Република Македонија почнати се активности на уредување на теренот до бункерите и рововите од тој период,  акција која ќе трае неколку години, а веќе привлекува туристи и гости од странство.

Тој информираше заедно со збратимената општина Чекмекој од Истанбул, заеднички ќе се реконструира старата Саат-кула во Дојран. Исто така најави дека во финална фаза се 9 урбанистички планови со општина Дојран како плановите за туристичко развојни зони 1 и 2, помеѓу Нов и Стар Дојран наменет за викенд куќи, планот за Сретеново и Карач, каде се предвидени локации за помали и поголеми хотели и авто-камп, план за голф терен и спа центар, две локации за винарии, а при крај е и планската документација за индустриската зона Душаново.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите