05 Декември, 2025
0.0307

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ЈА ПОСТАВИ ЌЕРКАТА НА ЧЕЛО НА МОДНАТА КУЌА ДИОР: Дознајте која е Делфин Арно

Објавено во: Стил 15 Јануари, 2023 10:17

Добивај вести на Viber

Најбогатиот човек на светот, Бернард Арно, ја постави својата ќерка Делфин Арно на чело на Диор, што предизвика шпекулации за можните случувања во оваа модна куќа. Компанијата на Бернард LVMH ги поседува најпознатите брендови, вклучувајќи ги Фенди и Луј Витон, а вреди околу 336 милијарди фунти.

Делфин Арно ја започна својата кариера во меѓународната стратешка консултантска фирма McKinsey, по што се пресели во компанијата Џон Галијано, каде што стекна практично искуство во модната индустрија, работејќи на развој на брендови.

Во 2001 година, таа се приклучи на Извршниот комитет на Christian Dior Couture, каде што работеше како заменик генерален директор до август 2013 година. Од септември 2013 година, таа е извршен потпретседател на Луј Витон, задолжена за надзор на сите активности поврзани со производите на LV. Таа е член на Одборот на директори на LVMH и на Извршниот одбор.


EPA-EFE/YOAN VALAT

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: