Најбогатиот човек на светот за прв пат пред јавноста со новата партнерка
Објавено во: Свет 15 Јули, 2019
Најбогатиот човек на светот Џеф Безос за прв пат пред јавноста се појави со својата нова партнерка откако се разведе, а тоа реши да го направи на финалето од тенискиот турнир Вимблдон.
Сопственикот на „Амазаон“ заедно со Лорен Санчез го гледаа пет часа натпреварот помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роже Федерер.
Безос само што се разведе официјално со својата сопруга Мекензи Безос во разделба што го чинеше 38 милијарди. Разводот се најавуваше од јануари, а претходно тие беа во брак 25 години.
Санчез е поранешна ТВ-презентерка, а позната е и по тоа што знае да управува хеликоптер. Досега таа со големиот бизнисмен и претприемач се сретнуваше инкогнито.