Најбогатиот Македонец ќе произведува струја од над 5 мегавати
Објавено во: Економија 29 Јуни, 2023 07:45
ИГМ Трејд на челичниот магнат Илија Гечев во Кавадарци ќе пушти во употреба уште три фотоцентрали за производство на електрична енергија од обновливи извори, со кои ќе го надмине нивото на моќност од 5 мегавати.
Ова го покажува измената на лиценцата од Регулаторната комисија за енергетика која се врши по барање на ИГМ Трејд поради
зголемување на капацитетите со кои се врши дејноста.
Извозникот на цевки ќе додаде уште три фотоцентрали под името „ИГМ 5 Нова 2“ на веќе постоечките кои ги пушти во употреба минатата година во Кавадарци. Секоја од трите нови фотоцентрали ќе има моќност од по околу 900 киловати.
„Испораката на електрична енергија во електродистрибутивната мрежа од ФЕЦ “ИГМ Цинкара”,
ФЕЦ “ИГМ 2 и ИГМ 3”, ФЕЦ “ИГМ НОВА”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 1”, ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК
2” и ФЕЦ “ИГМ 5 НОВА 2 БЛОК 3” ќе се врши согласно дефинираните услови за приклучување во
Решението за согласност за приклучување на електродистрибутивната мрежа УП1-10-798 од 23
декември 2022 година издадено од Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје, со одобрена моќност за
производител од 5.364,44 kW“ пишува во одлуката на РКЕ донесена на 19 јуни.
ИГМ Трејд на крајот од минатата година во регистарот на Агенцијата за енергетика исто така пријавил шест фотоцентрали со капацитет на производство од околу 5 мегавати. Според регистарот на агенцијата, Гечев е еден од најголемите инвеститори во земјата кога станува збор за изградба на капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори.
Македонскиот стопанственик е првиот македонски милијардер, според ранг листата на најбогати луѓе во регионот што ја објави српски „Недељник“ во новогодишниот двоброј. Гечев и неговата ИГМ „Трејд“ имаат проценето богатство од 1,054 милијарди евра. Ова е прв пат некој бизнисмен од Македонија да ја надмине границата од милијарда евра.
Списокот не покажува колку пари имаат бизнисмените на сметките, туку колку вредат нивните компании и колку пари потенцијално би можеле да добијат доколку ги продадат денеска, објасни тогаш бизнис неделникот.
Гечев е еден од најголемите производители на челични и заварени цевки и профили во Југоистична Европа. Фабриката во Кавадарци е извозно ориентирана компанија, на која 95 отсто од вкупната продажба и е надвор од државата, на пазарите на ЕУ и ЦЕФТА.
А.К.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миќовиќ за НИС и рафинеријата: Одлична можност фабриката во Панчево да се врати во српски раце
Милијардерите наследуваат рекордно ниво на богатство
Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети
Кој е 10 пати побогат по изборната победа на Трамп: Се работи за еден од наследниците, а еве од што се збогатува
Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата
Еден од клучните генератори на побарувачката за биткоин оваа година моментално е во големи проблеми
ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат
Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија





