25 Ноември, 2024
0.0253

НАЈБОГАТИОТ ШТЕДАЧ ВО ЦРНА ГОРА НЕ Е ЖИТЕЛ НА ДРЖАВАТА: Има орочени 26,5 милиони евра

Објавено во: Економија 06 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Најбогат депонент во Црна Гора е нерезидент со орочен депозит од 26,5 милиони евра, а кога станува збор за резиденти, најголемиот орочен депозит е 23,6 милиони евра, објави Централната банка на Црна Гора.

Подгоричкиот портал Банкар пишува дека на крајот на минатата година, според последните достапни податоци за 50-те најголеми штедачи, кои банките ги доставиле до Централната банка на Црна Гора, на 31 декември, орочени депозити имале 23 физички лица во износ од еден милиони и повеќе евра.

На прашањето за причините за растот на депозитите во 2023 година, ЦБЦГ рече дека тоа е главно последица на силниот реален раст остварен во 2023 година од околу шест отсто во текот на минатата година.

„Клучна улога во акумулацијата на економскиот раст, а со тоа и растот на депозитите одигра многу успешната туристичка сезона, односно приливот од над 1,5 милијарди евра, како и активностите поврзани со овој сектор. Во 2023 година прилив по основ на дознаки е остварено и од странство во износ од 792 милиони евра. Исто така, на растот на депозитите влијаело дополнителното штедење на нерезидентите со подолг престој во Црна Гора. Годинава има прилив на странски директни инвестиции врз основа на за продажба на недвижен имот во Црна Гора во износ од 463 милиони евра“, соопштија од ЦБЦГ.

Централната банка наведува и дека сите горенаведени приливи претставуваат основа за пораст на вкупните депозити и генерално имаат стабилен тренд.

„Имајќи ги предвид перспективите на црногорската економија и очекувањата за позитивен реален раст, како и интензивирањето на интеграцијата во ЕУ, Централната банка очекува продолжување на трендот на раст на депозитите со умерен интензитет во наредниот период“, вели ЦБЦГ.

ФОТО: Unsplash/Robert Anasch

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

ВОЗАЧИ, ЕВЕ ШТО ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ КОГА УТРЕ ЌЕ ОДИТЕ НА БЕНЗИНСКА - Регулаторна со нови цени на горивата

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

МИЦКОСКИ КАЖА КОГА КОНЕЧНО ЌЕ СЕ ДЕФИНИРААТ УСЛОВИТЕ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Еве што најави

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ВО СРЕДА ЌЕ ИМА ЈАВНА БЕРЗАНСКА АУКЦИЈА ЗА 9,83 ОТСТО - кој ќе искешира 7,34 милиони евра за акции на „Македонијатурист“

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

ШТО Е ТОА ШТО ГИ РАЗЛИКУВА „ТЕМУ“, „АЛИЕКСПРЕС“ И „ШЕЈН“: Голема трка за новиот кинески император

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

БАНКРОТ НА ЕВРОПСКИОТ ГИГАНТ ЗА БАТЕРТИИ: Директорот поднесе оставка откако се тргна надолу

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија

ОВА Е НАЈОМРАЗЕНИОТ ЧОВЕК НА ВОЛСТРИТ: Трамп го номинираше за министер за трговија