Најбогатиот српски бизнисмен по 13 години подготвен повторно да инвестира во Македонија
Објавено во: Економија 18 Септември, 2019 07:26
Најбогатиот српски бизнисмен Мирослав Мишковиќ на својата последна прес-конференција рече дека е повторно заинтересиран за инвестирање во Македонија по неуспешниот обид во 2005 и 2006 во периодот кога дојде до промена на власта во земјата.
Сопственикот на Делта Холдинг за "Фактор" наведе дека групацијата стапила во контакт со Владата на премиерот Зоран Заев.
- Јас во Македонија имав една многу лоша авантура пред повеќе од 10 години. Сега сме подготвени да вложиме во недвижнини и аграр. Ние ќе одиме преку Владата на Македонија но ќе работиме независно, вели првиот човек на компанијата која лани оствари годишен приход од половина милијарда евра.
Од Делта Холдинг велат дека во околината на Скопје бараат во моментов локација од 25.000 метри квадратни за изградба на хотел.
И директорката на секторот што работи со недвижнини, Зорана Бурлиќ, ја потврди намерата.
- Има контакти а ние сме финансиски подготвени да делуваме но најважно од се е капиталот да биде сигурен и правилата на игра да бидат јасни, изјави Бурлиќ.
Мишковиќ одржуваше контакти со поранешниот македонски премиер Владо Бучковски со намера да инвестира повеќе од 100 милиони евра и да изгради шопинг мол во близина на хотелот "Александар Палас" но идејата се изјалови под контроверзни услови со доаѓањето на Никола Груевски на власт.
Во меѓувреме Делта Холдинг отвори шопинг молови во Бања Лука, Варна и Белград. Поседува и два хотели во Белград и еден во Љубљана. Во тек е изградба и планови за изградба на молови и хотели во неколку града на Балканот. Групацијата продаде разни бизниси за 2 милијарди евра и со тие пари започна да разработува други.
На владата на Заев и порачува да го одреди она во кое што Македонија може да биде најдобра во Европа и да се сконцентрира посебно на тој приоритет.
- Македонија има многу сонце и вода. Треба да знае како тоа да го искористи на најдобар начин, тврди тој.
На прес конференција Мишковиќ повика голем број на новинари од Србија, Хрватска, Словенија, Македонија, БИХ и Бугарија со цел да ги покаже своите амбициозни планови во регионот.
A.К.Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




