Најбогатите во една европска земја изгубија милјарди
Објавено во: Свет, Корона Вирус 27 Јуни, 2020
Пандемијата ги погоди финансиите на најбогатите Австријци кои изгубија милијарди евра.
Загуби претрпеа скоро сите кои се најдоа на листата 100 најбогати Австријци.
Државата во моментов има 41 милијардер, а последиците од кризата врз курсот на акциите и дивидендата одиграа улога во намалување на нивното богатство.
Нивниот имот е намален за дури девет отсто, односно за 15 милијарди, и сега тој изнесува 155 милијарди евра.
Овогодишната листа од 100 најбогати ја предводат семејствата Порше и Пих, чиј имот се проценува на 34,8 милијарди евра.
Во споредба со лани тие имаат загуба од 2,2 милијарди евра.
Основачот на Ред Бул се наоѓа веднаш по нив на оваа листа со имот од 14,7 милијарди евра.
Тој има загуба од околу една милијарда.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.