14 Мај, 2024
0.0280

Најбогатото мистериозно село

Објавено во: Свет 03 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Хуаси важи за најбогато село на светот, кое е создадено во 1961 година во рамки на социјалниот експеримент за создвање на идеална социјалистичка населба. На жителите на ова село им е забрането да разговараат со странци или новинари. Но зато жителите на селото со милионери ги имаат сите погодности – бесплатна здравствена заштита, образование, луксузни домови, автомобили и по најмалку 250.000 долари на банкараската сметка. Во селото се наоѓа и познатиот Светски пак со реплики од најпознатите градби од целиот свет, вклучувајки го и кипот на слободата, Триумфалната порта и нов облакодер кој со своите 328 метри го завзема 15тото место на листата на највисоки згради во Кина. Кој ќе го напушти селото губи се што има Меѓутоа, животот во хуаси не е така идиличен како што го прикажуваат неговите жители. Тие наводно работата седум дена во неделата, често во индустриски капацитети. Постои строга хиерархија помеѓу 2.000те регистрирани жители на селото, потомци на фамилиите кои овде се населиле во среднита на минатиот век и дојдените кои не уживаат во луксузни автомобили, куќи и високи плати. И ако некој го напишти селото губи се. Никој точно не знае колку луѓе живеат во Хуаси. Според извештајот на АP има околу десетина илјади, додека на официјаната туристичка страница пишува дека им 350.000. Хуаси се простира на површина од само еден квадратен километар. Хуаси на крајот на 50-тите имал само 600 жители, но селото доживува преродба благодарејки на Ву Ренбау, поранешниот секретар на Комунистичката партија. Тој основал 12 корпорации, вклучувајки и текстилни компании, челичарници и берза во 1998година. Кога починал во Март минатат година во поворката имало 20 автомобили, а погребалната поворка ја надлетувал и хеликоптер. Околу 2.000 жители живеат во идентични вили Управувањето со градот го препуштил на својот четври син Ву Сијена. Тој станал ледер на партијата во 2003, а на погребот на својот татко ветил дека ќе го претвори селото во “ единствен Шангри - Ла”. Денес, Хуаси има приближно 2000 регистрирани жители кои живеат во идентични вили, налик на куќите типични за предградијата на запад, имаат луксузен автомобил и добиваат бесплатен зејтин. Сите имаат по 250.000 долари во банка. Коцкањето и дрогата се забранети, нема барови, клубови, интернет кафеа, ниту караоке ресторани Ако некој сака да го напушти селото, не може со себе да го понесе своето богатство, па со оглед на тоа не е воопшто сигурно дека целиот тој луксуз им припаѓа на жителите на Хуаси. Приближно тертина од приходите во селото ги обебзбедува индустријата за железо и челик. Хуаси увезува суровини од Индија и Бразил, а потоа извезува готови производи во 40 држави во светот. Останатиот дел од приходите ги носат текстилните фабрики во кои на шивачките машини воглавно работат жени. Десетина илјади луѓе во денот доаѓаат да работат во Хуаси во челичарниците, текстилните фабрики и туризмот. Тие не го делат луксузот со староседелците. Хуаси се надева дека туризмот ќе му донесе на градот нов бум, бидејки два милиони посетители годишно доаѓаат да го видат ова кинеско село и неговите знаменитости. К.К.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи