29 Септември, 2024
0.0350

Најчевска: Тргнете го лакејот на Али Ахмети од позицијата од која веќе нанесе неверојатна штета во преговорите со Бугарија

Објавено во: Македонија 20 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Професорката Мирјана Најчевска, познат критичар на Власта, денеска со нова молба и детално образложение околу состојбите во земјава поврзани со преговорите за членство на унијата и уцените од соседите за влез во Уставот. 

Таа укажува оти состојбите се лошо поставени, и дека управувањето во преговорите е дадено на погрешна личност

- Заштитата на правата на малцинствата во Македонија е во рацете на самите малцинства. Таа е регулирана со уставот на државата, постои посебно министерство за таа цел, Народниот правобранител е од редот на најголемото малцинство, воспоставен е систем на квоти, се води грижа во секое министерство на раководна позиција да има претставници од етничките малцинства - го започна Најчевска својот пост на Фејсбук.

Потоа професорката појасни дека „Не е во ред човек кој припаѓа на една етничка заедница, кој не ја признава хиерархијата на државата туку хиерархијата на етнички дефинираната партија, да се наоѓа на раководна позиција од која треба да се преговара за правата на на друга етничка заедница“.

- Во спор во кој се засегнати интересите на една етничка заедница главен збор мора да имаат претставниците на таа заедница.

Ве молам, тргнете го лакејот на Али Ахмети од позицијата од која веќе нанесе неверојатна штета во преговорите со Бугарија и тргнете ги сите извршители на Али Ахмети од телата кои се директно вклучени во овие преговори.

Или, во секоја од структурите која се бави со правата на албанската етничка заедница во Македонија на раководна позиција да биде поставен етнички Македонец.

Во услови кога албанската етничка заедница одбива градење на граѓанска држава, не може претставниците на оваа заедница да се постават на функции од кои ќе преговараат за правата на мнозинската - македонската заедница.

Значи, или граѓанска држава која не се базира на етницитетот како основен критериум за поделба на власта, или етнички поделена држава во која нема мешање на една етничка заедница во сферата на интерес на друга етничка заедница.

Решете се.

Јас ете мислам дека е време за технократска власт која ќе ја изгради граѓанската опција, ама не прифаќам некој да ме прави будала - напиша Најчевска на Фејсбук, а нејзиниот пост може и сами да го видите.


Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“