23 Ноември, 2024
0.2063

Најчитаниот хороскоп на светот: Што открива за вас келтската астрологија?

Објавено во: Општо 01 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Келтската религија е заснована на верување во природни и натприродни сили, кои во форма на духови населувале одредено дрво. Тие верувале дека поради тоа дрвото има сила и моќ од Сонцето, и се сметало за суверено суштество. Еве што ни кажува келтскиот хороскоп кој е значително поинаков од оној западниот на кој сме навикнале.

Бреза (24 декември – 20 јануари)

Брезата се смета за „дама на шумата“. Таа симболизира повторно раѓање, почеток и обновување, бидејќи брезата е дрво кое на пролет прво ги добива своите лисја. Исто така Келтите ова дрво го поврзувале со чистота и невиност. Луѓето родени во овој знак се амбициозни, одлучни, флексибилни, секогаш се јасно ориентирани кон целта и се добри лидери. Имаат потреба да успеат во животот и веруваат дека работливоста и упорноста се исплатува. Брезите се лојални, но понекогаш можат да бидат цинични. Тие се работливи, сериозни и со малку чудна смисла за хумор. Тие знаат понекогаш да бидат песимисти. Честопати се сами, а врските или бракот им се случуваат подоцна во животот, бидејќи им е тешко да пронајдат некој кој ќе се вклопи во нивниот строг шаблон и рутина. На брезите секогаш им е потребна јасна цел за да не бидат депресивни и песимистични.

Боја: бела

Планета: Сонце
Животно: златен орел

Оскоруша (21 јануари – 17 февруари)

Келтите оскорушата ја нарекувале „дрво кое шепоти“. Тие верувале дека ова дрво ќе им ги каже тајните на оној кој сака да слуша. Една ирска легенда вели дека првата жена на светот е создадена од оскоруша. Луѓето родени во знакот на оскоруша се идеалисти кои имаат визионерски идеи и високи хумани и духовни принципи. Тие се самостојни, оригинални, неконвенционални, мразат конформизам и имаат склоност кон уметност. Способни се да бидат водачи, но бидејќи користат необични методи, а имаат и уште понеобични идеи, тешко можат да најдат следбеници. Оскорушите се љубезни и топли личности кои умеат да ги слушаат другите луѓе. Тие имаат чудна смисла за хумор, па често се смеат на сериозни нешта. По природа тие не се романтични, а во брак стапуваат во подоцнежните години.

Боја: црвена и сива
Планета: Уран
Животно: зелен змеј

Јасен (18 февруари – 17 март)

Келтите гранките од јасен ги ределе во круг за да се заштитат од змии, а семето од јасен го користеле за предвидување на љубовта. Луѓето родени во знакот на јасен обично имаат двојна личност. Тие од една страна имаат уметничка и ранлива душа, а од друга страна се многу прагматични. И покрај тоа што изгледаат кревко, тие многу лесно закрепнуваат од секој пораз. На луѓето родени во знакот јасен лесно може да се влијае, бидејќи немаат доволно самодоверба. Го сакаат театарот и филмот, а освен со уметност можат да се занимаваат и со медицина. Личностите од овој знак се спонтани, интуитивни, интелигентни и комуникативни. Тие се добри пријатели, идеални партнери и грижливи родители.

Боја: зелена
Планета: Нептун
Животно: галеб, морско коњче


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.