18 Декември, 2025
0.1936

НАЈДЕНА Е УШТЕ ЕДНА ЖРТВА ВО БОСНА: Надлежните трагаат по три лица исчезнати во поплавите

Објавено во: Балкан 10 Октомври, 2024 16:45

Добивај вести на Viber

Најдена е уште една жртва од поплавите во Доња Јабланица, а по три лица се трага. 

Станува збор за маж, но тој засега не е идентификуван. Дваесет и двајца луѓе загинаа во поплавите кои неодамна ја зафатија Босна и Херцеговина(БиХ). 

Поради опасност од нови врнежи и лизгање на земјиштето, повеќе од 400 жители во текот на ноќта се евакуирани од Јабланица и Коњиќ, а по мирната ноќ утрово се вратиле во своите домови. 

Обвинителството на Херцеговско-неретванскиот кантон отвори предмет за каменоломот во Доња Јабланица по сомневањата дека отпадот од оваа локација, поради обилните врнежи, ја затрупа населбата долу и предизвика голема трагедија.

Новинарите на Кликс ја снимија локацијата од воздух.

На снимката што ја направиле се гледа дека каменоломот е доста блиску до населбата и дека нечистотијата и отпадот паднале по ридот врз населбата, каде што биле затрупани неколку куќи и џамии.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен