НАЈДЕНО Е ПРЕД ЗГРАДАТА НА НЕГОВАТА ТЕТКА: Дете загина во невремето во Нови Сад
Објавено во: Балкан 22 Јули, 2023
Во невремето кое вчера попладне ја зафати Србија, загина дете во Нови Сад.
Детето Ј.В. на возраст од 12 години е пронајдено во бессознание на улица, пред зградата на неговата тетка. Брзата помош се обидела да го спаси со реанимација која траела еден час, но детето починало.
Српските медиуми пренесуваат дека детето е пронајдено покрај инсталациите за гас кои искреле и дека не се знае дали го удрила струја или гром. Истрагата ќе покаже што се случило.
Во Сомбор и Суботица ветерот собори дрвја.
Ново невреме ја зафати Хрватска, а црвено предупредување беше издадено за областите Истра, Кварнер, Госпиќ, Карловац и Загреб. Портокаловото предупредување сè уште е на сила во остатокот од државата.Невремето направи хаос на Истра, каде дрвја паднаа врз возила, кампови, црква.
фото принтскрин
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.