Најдоа заеднички јазик за нуклеарната програма на Иран
Објавено во: Свет 02 Април, 2015 20:24
Иранскиот претседател Хасан Рухани, изјавил дека е постигнат договор за „клучните параметри“ на преговорите во швајцарскиот град Лозана за нуклеарната програма на неговата земја.
Според неговите зборови, конечниот договор ќе биде подготвен до 30 јуни.
„Постигнат е договор“ за клучните моменти од договор со Иран, ова пак го напишал на Твитер германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер.
Претходно за „најдено решение“ на преговорите меѓу „шесторката“ и Иран објавија „Tweety“ и иранскиот министер за надворешни работи Мохамад Зариф.
Во врска со преговорите Иран ќе ги намали центрифугите од 19 000 на 6.000, тврдат ирански медиуми за постигнатата согласност во Лозана за нуклеарната програма на земјата.
Агенција „Ројтерс“ објави дека преговарачите се договориле за голем дел од иранскиот ураниум да биде изнесен во странство.
Целта на разговорите во швајцарскиот град беше помеѓу Иран и „шесторката“ (САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија) за да не му се дозволи на Иран да произведува нуклеарно оружје.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




