15 Мај, 2024
0.1148

Најдобриот инструктор по „Insanity“ и „PiYo“ од Бугарија ќе одржи отворен тренинг камп од петок до недела во Скопје

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Најпопуларните тренинг програми кои се вистински глобален хит и кои ги вежбаат светските спортисти доаѓаат и во Македонија. Имено, првиот човек кој започна да ги води тренинзите по Insanity и PiYo во Бугарија и воедно е еден од најпопуларните фитнес инструктори во регионот, Иван Германов, ќе одржи ексклузивен отворен тренинг камп од петок во недела  во Synergy Fitness & Spa.

Имено на 4,ти, 5ти и 6ти март во Скопје, Иван кој повеќе од 12 години е фитнес инструктор ќе одржи бесплатни 4 интензивни тренинзи.

1

- Insanity е фитнес програма која е изградена врз основа на програми за подготовка на професионални спортисти, но е адаптирана и направена да биде достапна за масовната публика. Во основата нејзината тајна лежи во максимално интензивните интервали на вежбање - (Max Intensity Interval Training), што значи дека тренинзите се исполнети со вежби каде има максимален интензитет и временски интервали од по 30 секунди до 2 минути. Insanity е совршен спој на моќ и стабилност. Имено, вие се потите и знаете дека секој тренинг и секоја минута вреди три пати повеќе од стандардниот кардио тренинг. Резултатот потоа е неверојатен. Тренинзите PiYo пак брзо станаа моите омилени вежби, бидејќи тие se oдличен тренинг режим кој ми дава стабилност и цврстина.  PiYo е комбинација од Пилатес и јога, но со малку поголем интензитет. Разликата помеѓу Insanity е тоа што Тренинзите по Insanity се многу интензивни и се предизвик за телото, но и за духот, додека пак тренинзите по PiYo помагаат на телото да отпочине и да земе воздух, без притоа мускулите да го губат својот тонус. Тука нема тежини, нема скокање, но има неверојатно брзи резултати. Тие исто така се многу погодни за луѓе кои претрпеле операции, породување или едноставно сакаат да започнат да вежбаат. PiYo се вежби кои се креирани за секоја возраст и било кој фитнес левел. Тие ја развиваат флексибилноста, идржливоста на организмот и помагаат нервниот систем да се смири и изедначи, изјави Иван Германов кој ги повикува сите заинтересира да дојдат на отворениот тенинг камп во Synergy Fitness & Spa.

Тренинзите кои ќе се одржат во петок од 17:00 - 18:00 часот по Insanity, во сабота од 10:00 до 11:00 часот по PiYo и од 16:00 до 17:00 часот по Insanity, како и во недела од 12:00 - 13:00 часот по PiYo се бесплатни.

Можеби ќе ве интересира

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

Летна академија Vibe On со Шпаркасе Банка!

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025: Неопходен е консензус на патот до просперитет и една визија за забрзан раст

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Групацијата БАЛФИН доаѓа во Канада, се подготвува нов проект за недвижности

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Изберете да студирате на Growth Labs Academy и создадете иднина по своја мерка

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Diners Club Македонија со голема наградна игра „КОГА ПОВЕЌЕ ЗНАЧИ ПОВЕЌЕ“

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Најновата линија на телевизори и звучници со вештачка интелигенција на Samsung е веќе достапна во редовна продажба во Македонија

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“

Азески го прими раководството на „Бехтел и Енка“