01 Ноември, 2024
0.0255

НАЈДОБРИТЕ БИЗНИС СОВЕТИ ЗА 2015: Што порачуваат Бил Гејтс, Ричард Брансон и бизнисмените?

Објавено во: Стил 05 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Во годината која е зад нас ви пренесовме многу бизнис и животни совети и цитати, и тоа од успешните, богатите и славните.

Сега ви ги пренесуваме најдобрите цитати на 2015 година, според мислењето на „Time“ и „Yahoo“.

Што би требало да се направи за да сиромашните почуствуваат подобрување многу побрзо? Потребен ни е напредок во технологијата и потребно е да им го доставиме на луѓето на кои им е најпотребен. Мора да ја избришаме полната разлика. Земјите каде девојчињата не одат на училиште и жените кои не може да започнат свој бизнис ќе бидат назадни.- Бил Гејтс!

Единствен начин да ги преживеете тие долги часови е да го сакате тоа што го правите. Треба да бидете стравствени околу тоа што го правите, создавате , и да верувате во влијанието кое ќе го имате на светот.- Ричард Брансон.

За да бидете претприемач, мора да ја раширите вашата мрежа колку што можете повеќе. Преземањето на ризикот е само дел од работата, и мора да бидете спремни на стварноста а тоа е дека повеќе од вашите идеи нема да успеат. Продолжете со еланот дека еден ден, една од вашите идеи ќе биде остварена и голема. -Иан Бреммер.

Новите генерации може да бидат исклучително комплексни кога е во прашање бизнис исполнувањето, но тоа не е лоша работа. Компаниите кои се во состојба да ги откријат начините кои ја задоволуваат нивната љубопитност и обезбедат патишта за напредок-иако тоа не значи секогаш директно напредување-ќе ја имаат таа важна лојалност на вработените.-Рајн Холмес.

Барам од секој од вас, да се однесувате-непослушно. Отфрлете го системот. Борете се за она во што верувате. Сега е време за тоа. Вие сте единствени кои тоа го можат. Светот, како ниедна друга генерација, го добивте за да го креирате по своја замисла. Марк Руфало, глумец, говор пред студентите-дипломци.

Не бегајте од ризик, и исклучете се за сите цинични критики. Историјата ретко допринесува една личност, но размислува за тоа, и никогаш не заборави што бидува кога тоа се случи. Тоа можеш да бидеш и ти. Тоа би требало да бидеш и  ти. Тоа мораш да бидеш и ти.- Тим Кук.