18 Декември, 2025
0.0613

НАЈЕВТИН ВО ИСТОЧНА, А НАЈСКАП ВО СКОПЈЕ И ОХРИД: Дали е луксуз едно семејство да си купи бурек за појадок?

Објавено во: Економија 22 Февруари, 2025 07:40

Добивај вести на Viber

Во Скопје и Охрид, бурекот е најскап, а во градовите во источниот дел е најевтин, но од бурекџилниците, посебно во градовите каде нема туризам, велат дека за народот е скапо за цело семејство да купат бурек и јогурт за појадок. Од град до град, цените варираат, од 60 денари до 110 денари за четврт бурек. Од бурекџилниците додаваат дека купувачите за појадок  бираат поевтина варијанта, односно земаат ѓевреци или кифли.

Четврт бурек во главниот град чини од 80 денари па нагоре.  Во Охрид четврт бурек се продава за 70, 75 денари, а има и поскап за 100 и 110 денари.

„Тој што нема нормално дека му е скапо, а тој што има пари, секогаш ќе купува“, велат од охридска бурекџилница.

Во Гостивар, четвртина бурек обично чини 100 денари, но се наоѓа и за 90 и 110 денари.

„Скапо им е. За нашиот стандард е скапо. Почесто си купуваат ѓеврече, симит погача, за да испадне поевтино, односно до 50 денари да им се фати трошокот по човек. Порано бурекот бил попристапен и пред 10 години цената беше 40, 50 денари за четвртинка. Има и бурекџилници што се затворија. Бурекот стана луксуз. Ние за да излеземе на крај, намалуваме на грамажа и филот е посиромашен“, велат од бурекџилница од Гостивар.

Четврт во Битола е 90 денари, но се наоѓа и поевтино за 85 денари.

„Мораме да кренеме цени за да дадеме повисоки плати на работниците. Во јануари и февруари продажбата е катастрофа. Во зима нема потрошувачка, туку подобро е во летото кога има странци. Ако не се странците, нема кому да продадеме во лето“, додаваат од битолска бурекџилница.

Во Кавадарци, четврт бурек чини 60 денари.

„Се чувствува дека им е скапо на луѓето. За разлика од пред 10 години, сега е многу полошо, нула“, велат од кавадаречка бурекџилница.

Во Пробиштип, четвртинка бурек чини 80 денари. Во Делчево, цената е 65 денари. Во Струмица, за четвртинка бурек треба да потрошите 70 денари. Во Штип, четвртинка бурек се продава од 65 до 80 денари. Во Кочани четвртинка бурек се нуди за 70 до 80 денари. Во Виница цената за четврт бурек се движи од 75, 85 до 90 денари. Инаку, хрватските медиуми веќе пишуваа дека нивните граѓани ќе бојкотираат не само маркети, туку и бурекџилници затоа што цените се високи и работниците и студентите сè поретко купуваат бурек за појадок.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа