Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра
Објавено во: Економија 10 Септември, 2021 11:11
Најголемата штета исплатена за осигурен имот, осигуреник наплатил 200.000 евра
Од петте највисоки исплатени поединечни штети во првите шест месеци годинава две се за осигурување имот со вкупна вредност од 335.000 евра. За покритие од задолжителната автоодговорност најголемата исплатена сума е 173.000 евра, за покритие од зелен картон компанија исплатила 101.000 евра, а 80.000 евра наплатил осигуреник за карго (т.е. осигурување стоки во превоз)
Највисоката исплатена штета покриена со осигурителна полиса изнесува 12,28 милиони денари (200.000 евра) и е исплатена за осигурување имот. Штетата ја наплатило правно лице осигурано кај друштвото за осигурување неживот АДОР „Македонија“, покажуваат официјалните податоци на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО) за првите шест месеци годинава.
Втора според вредност штета, во првото полугодие годинава, е исплатена во класата задолжително осигурување од автомобилска одговорност. Износот е 10,66 милиони денари (173.000 евра) и ја исплати „Евроинс осигурување“.
Третата поединечна највисока штета е исплатена од АДОР „Македонија“ исто така по основ на полиса за осигурување имот. Нејзината вредност изнесува 7,1 милиони денари (115.000 евра), а обештетено е правно лице.
Следна според исплатената вредност е најголемата поединечна штета во класата на зелената карта. Изнесува 6,2 милиони денари (101.000 евра) исплатени се од „Халк Осигурување“. Највредната штета во класата карго (со која се осигуруваат стоки во превоз) изнесува 4,9 милиони денари (80.000 евра) и е исплатена од компанијата „Триглав осигурување“.
Во класата осигурување од незгода, која има најголем број активни договори за осигурување во споредба со сите други класи доброволно осигурување, највисоката штета ја исплатила компанијата „Еуролинк“ и таа изнесува 3,57 милиони денари (58.000 евра).
Следи најголемата штета исплатена за моторно возило со каско осигурување и таа изнесува 1,78 милиони денари (29.000 евра), исплатена од „Винер ВИГ“. Кај патничкото осигурување наголема штета во првото полугодие исплатила „Сава Осигурување“ и таа изнесува 934.000 евра (15.200 евра).
Кај најактуелното од доброволните неживотни осигурувања – приватното здравствено осигурување највисока штета исплатило друштвото „Халк Осигурување“. Таа изнесува 615.000 денари (10.000 евра).
Осигурувањето од финансиски загуби е доброволна класа на осигурување која има голем потенцијал и покрај малото пазарно учество бележи значаен раст. Во овој период најголемата исплатена штета во оваа класа осигурување изнесува 468.000 денари (7.600 евра) и е покриена од „Сава Осигурување“.
Во првите шест месеци годинава граѓани, компании и институции наплатија 1,94 милијарди денари (31,5 милиони евра) обештетување за штети покриени со осигурителни полиси за неживотно осигурување. Компаниите за неживотно осигурување во првото полугодие годинава исплатиле 319,5 милиони денари (5,2 милиони евра) односно 20 отсто повеќе штети во споредба со истиот период минатата година.
Можеби ќе ве интересира
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?




