28 Септември, 2024
0.0254

Најголемиот онлајн трговски пазар!

Објавено во: Анализа 19 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Азиско-пацифичкиот регион во текот на минатата година ја надмина Европа и веќе е најголемиот онлајн трговски пазар, покажуваат податоците на Ecommerce Europe. Прометот од електронската трговија во регионот, чиј главен двигател е огромниот кинески пазар, порасна за 16,7% минатата година до 406,1 милијарди евра, додека во Европа е забележан раст од 16% до 363,1 милијарди евра, покажуваат податоците на организацијата. Европа и ја одзеде круната на Северна Америка и стана најголемиот електронски пазар во 2011 година, потсетува во извештајот на организацијата. Очекувањата се дека оваа година прометот од тргување на Стариот континент ќе порасне до 425,5 милијарди евра, што сепак може и да не успее повторно да се издигне на лидерската позиција. Минатата година процентот на онлајн продажбата на корисници од Европската унија достигна 87,6% од вкупниот обем на онлајн продажбата во Европа (276,5 милијарди евра). Прекуграничните продажби остануваат релативно ниски - 12% од сите, покажуваат податоците на Европската комисија. Амбиција на Брисел е до 2020 година тие да достигнат 20%. Интернет економијата на Европа Интернет економијата на Европа се проценува на 2,2% од вкупниот бруто домашен производ во 2013 година, кој достигна 16,4 трилиони долари. Се очекува овој процент да се зголеми двојно до 2016 година и тројно до 2020 година, коментираат од Ecommerce Europe. Кон крајот на 2013 година бројот на шопинг сајтовите во Европа порасна до 650 илјади. Според проценките на здружението овој број може да расте со 15-20% годишно, т.е. прометот од тргување кон 2016 година може да достигне 625 милијарди евра. Доминантната позиција на кинескиот пазар е угнетувачот според организацијата, но пак нуди добри можности за европскиот електронски бизнис поради потенцијалот за раст. Потенцијалот на Северна Америка е поизретчен поради неговата зрелост во споредба со можностите во Европа (Источна Европа) и Азија. Развиените држави од Западна и Централна Европа се најголемите онлајн пазари на Стариот континент. Најзначајните раст на онлајн трговија е забележан во Источна Европа, а на чело на моторот е Русија. Истовремено од организацијата нагласуваат дека најголемиот проблем за индустријата е електронската идентификација, која би можела да спречи криминал и да ја охрабри прекуграничната продажба. K.K.