18 Декември, 2025
0.1686

Најголемиот патнички авион ќе лета на најдолгата воздушна релација на светот!

Објавено во: Свет 29 Септември, 2014 20:08

Добивај вести на Viber

Австралиската авиокомпанија Кантас влегува во историјата на воздухопловството, бидејќи на најдолгата воздушна линија на светот го воведува најголемиот патнички авион - суперџамбо Ербас А380. Летот од Сиднеј, Австралија до Далас, Тексас ќе трае 14 часа и 50 минути, а враќањето еден час подолго - 15 часа и 30 минути. Од каде таков интерес кај австралиските граѓани токму за Далас? „Овој лет нуди директен пристап до самиот центар на САД со пркеу 50 конекции со сите поголеми американски градови за само четири часа, вклучувајќи ги и Орландо, Бостон и Хјустон“, вели извршниот директор на Кантас Алан Џојс. Воведувањето на авионите А380 на оваа линија, која е единствена директна линија од Австралија за САД, ќе го зголеми бројот на патници кон Америка и ќе ја подобри услугата за корисниците, очекува тој. Најдолги авиолинии на светот се споменатата Сиднеј-Далас, која изнесува 13.804 километри, потоа линијата Јохансбург-Атланта  на авиокомпанијата Делта долга 13.582 километри и линијата Дубаи-Лос Анџелес на компанијата Емирејтс, која изнесува 13.402 километри.    

Можеби ќе ве интересира

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва