29 Септември, 2024
0.0244

Најголемиот производител на природен гас

Објавено во: Анализа 31 Јули, 2014

Добивај вести на Viber

Во 2013 година светското производство на гас е зголемено за 1,1%, достигнувајќи нов историски врв. Покажа најновиот извештај на World Energy 2014. Генералното произведеното количество природен гас минатата година во светот достигна 9,29 милијарди кубни метри. Првата позиција сеуште ја заземаат САД со вкупно производство во износ од 1,87 милијарди метри кубни . Русија е малку поназад со производство од 1,66 милијарди метри кубни. САД и Русија заедно биле одговорни за 38% од добиениот природниот гас во светот во 2013 година. Далеку зад нив останува Иран, кој има произведено 460 милиони метри кубни. Во текот на три децении светското производство на гас растеше стабилно, со исклучок на повлекувањето во 2008-2009 година. Лидерите на пазарот не се променети во последните години. Меѓу топ петте производители се и Катар и Канада. Двете земји произведуваат 430 и 425 милиони метри кубни. И покрај зголемувањето на производството во последните осум години со речиси 35% САД продолжуваат да бидат нето увозник на природен гас. Главната причина е фактот дека синото гориво се смета за главна алтернатива на јагленот преку океанот. Русија и Иран биле на второ и трето место и при потрошувачката со соодветно 1,13 милијарди метри кубни и 440 милиони метри кубни. За разлика од САД, сепак двете земји произведуваат повеќе отколку што консумираат. Во 2013 година Кина стана четвртиот по големина потрошувач на природен гас, со потрошени 440 милиони метри кубни. Групата на корисници ја затвора Јапонија, каде потрошувачката била 320милони метри кубни. К.К.