Најголемите инвеститори во Македонија ги добија парите од Владата, најмногу за производител на акумулатори
Објавено во: Економија 12 Јануари, 2021
Владата во последните денови од изминатата година ги исплати договорените проценти како поврат за инвестирањата што ги вложија домашните и странските претпријатија и покрај ковид-кризата.
Со овие вложувања компаниите низ минатата година имаа стекнато право за поврат на 10 отсто од инвестицијата во рамки на Програмата за поддршка на инвестициите и технолошкиот развој од Планот за економски раст на Владата.
За поддршка на нов инвестициски проект со инвеститорите се потпишува петгодишен договор за државна помош откако ќе покажат план за економски раст според Законот за финансиска поддршка. Тоа се компании кои инвестираат надвор од Технолошко индустриските зони.
Најмногу пари - 149.426.974 денари добил словенечкиот производител на акумулатори од внатрешноста на земјата, кој во Македонија забрзано инвестира од 2012 и постојано го зголемува бројот на работници.
На второто место е домашна фармацевтска компанија со 110.055.368 денари, а на третото место со 37,68 милиони денари е уште една словенечка компанија од Охрид која вработува машински кадри и е една од најголемите извозници од земјата, најмногу препознатлива по алуминиумските компоненти за автомобили.
На четвртото и петтото место се штипска компанија со домашен капитал во металопреработувачката индустрија, која од 2014 година влегува и во сегментот на автомобилската индустрија.работејќи за Ван Хол, како и грчка компанија која откупува тутун во Прилеп. Едната добила 31,4 милиони, додека другата 24 милиони денари.
Премиерот и останатите членови на Владата често ги посетуваа овие компании изминатите неколку години со пофални зборови за нивните инвестициски планови и проекти. Владата од оваа мерка пред Нова Година исплатила десетици мали, средни и големи инвеститори како поврат на дел од вложувањата.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.