Добивај вести на Viber
Во индустријата за цемент се најавува создавањето на гигантска алијанса. Двајцата производители Lafarge и Holcim го подготвуваат своето спојување.
Се очекува тоа да биде партнерство на еднакви компании. Но и сега двете компании се меѓу најголемите во индустријата за цемент: Според Statista тие имаат постигнато најголема продажба минатата година.
Ако дојде до спојување, новата компанија би имала годишен приход од 32 милијарди евра и оперативен профит (EBITDA) од околу 6,5 милијарди евра. Според аналитичарите со еден таков договор двата производители ќе "цементираат" доминантна позиција во прекумерна продуктивност на пазарот на градежни материјали.
Во последните години Holcim и Lafarge беа принудени да воведат програми за намалување на трошоците во обид да ја обноват својата профитабилност. Holcim реализира продажба за речиси 20 милијарди швајцарски франци (16,39 милијарди евра) минатата година и си постави за цел да ја подигне својата добивка со 1,5 милијарди франци до 2015 година. Lafarge пак реализира продажбата за 15,2 милијарди евра и ги преструктурира своите операции, за да ги намали долговите кои надминуваат 10 милијарди евра.
Handelsblatt Online ги набројува финансиските резултати на двете компании и на главните конкуренти на идната голема корпорација. Еве кои се тие:
Holcim, приходи за 2013 година: 16,1 милијарди евра
Швајцарскиот производител на цемент постои од 1912 година. Денес Holcim ги прошири своите активности во повеќе од 70 земји. Главните области на бизнис се цемент, чакал и бетон. Во однос на продажбата Holcim во моментов е најголемиот производител на цемент во светот. Предложеното спојување гарантира дека статусот ќе биде зачуван.
Lafarge Group, приходи за 2013 година: 15,2 милијарди евра
Францускиот производител Lafarge пријави за минатата година малку пониски приходи од својот иден партнер. Компанијата се опишува себеси на својот веб-сајт како број еден во бизнисот со цемент. Повеќе од две третини од портфолиото на групата односно се состојат од трговија со градежни материјали. Lafarge тврди дека има претставништва во 64 земји. Спојувањето со претходниот конкурент од Швајцарија ќе има последици и за името: во иднина двајцата лидери ќе дејствуваат под името LafargeHolcim.
Heidelberg Cement, приходи за 2013 година: 13,9 милијарди евра
Конкуренцијата тешко може да остане ладнокрвно пред овие податоци. Најопасниот Конкурент на двете групи е од Хајделберг. Од стекнувањето на Hanson во 2007 година вклучени во индексот DAX концерн се меша во горниот сегмент на индустријата. HeidelbergCement е активна во 40 земји, претендира да е лидер на пазарот. Тоа може да се промени со спојувањето на ривалите.
Cemex, приходи за 2013 - 11,1 милијарди евра
Мексиканците се во производството на цемент од 1906 година и сега имаат повеќе од 50 производствени капацитети во целиот свет. Најмногу цемент Cemex продава во Мексико, околу една третина од својата дејност .Исто така важен е и американскиот бизнис кој претставува околу една четвртина од продажбата. Cemex сакаше да ја купи подружницата на Holcim друштво Csesko, швајцарската група сакаше да го преземе бизнисот на Мексиканците во Германија, Франција и Холандија.
Anhui Conch Cement, приходи за 2013 година: 6,6 милијарди евра
Anhui Conch Cement, кинеска компанија која постои од 1997 година, за овој период таа брзо си создаде име. Експертите сметаат дека спојувањето на Lafarge и Holcim е замислено и како заштита против конкуренцијата од страна на Кина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: