16 Јули, 2024
0.0267

„Најголемо отстапување меѓу утврдениот износ на расходи и одобрените средства има кај Владата“: ревизорите со забелешки за буџетот

Објавено во: Економија 16 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Државниот завод за ревизија изврши ревизија на усогласеност на Основен буџет на Македонија за 2023 година во однос на планирање, подготовка, донесување и извршување на Буџетот за 2023 година.

Основниот буџет за 2023 година, кој изнесува 261.552.000 илјади денари, бележи зголемување од 33,4 отсто во споредба со 2022 година. Вкупните приходи и приливи во 2023 година од 260.125128 илјади денари, се зголемени за 29 проценти во однос на минатата година, поради зголемување на домашното задолжување (146%) и задолжувањето во странство (104%). Вкупните расходи и одливи во 2023 година изнесуваат 249.364.054 илјади денари, што е 29,76 отсто повеќе од претходната година.

Одобрените (планираните) 261.552.000 илјади денари во Основниот буџет за 2023 година се поголеми за 52 проценти во однос на максималните износи на одобрени средства/расходи. Дополнително, со две одлуки за прераспределба на средства меѓу буџетските корисници на централната власт и фондовите, извршени се промени во иницијалните фискални проекции. Како резултат на тоа, Буџетот за 2023 година е зголемен за 0,3% и изнесува 262.551.901 илјади денари.

Ова го посочуваат ревизорите во денешната објава. 

Анализата на документацијата кај 26% од буџетските корисници врз основа на која ја искажуваат висината на потребните средства, покажа дека за 20% од нив, Министерството за финансии (МФ) изготвило предлог буџет поради недоставување на потребните стратешки планови. Утврдивме дека исто како и претходните години, МФ не достави Извештај за причините за неусогласените буџетски барања до Владата, што значи дека Владата не располага со целосни податоци за неусогласеноста и причините за разликите меѓу бараните и одобрените средства.

Разликите меѓу максималните утврдени расходи од Владата, побараните средства од буџетските корисници и одобрените средства со Буџетот укажуваат на ризикот дека донесениот буџет од МФ можеби не ги одразува реалните потреби на буџетските корисници за реализација на поставените цели - нагласуваат ревизорите. 

Додаваат дека најголемо отстапување меѓу максимално утврдениот износ на расходи и одобрените средства е утврдено во разделот за Владата. Одобрениот буџет е пет пати поголем од планираните максимални износи. Најголемиот дел од овие средства се однесуваат на реализација на потпрограмата П1, која вклучува мерки за справување со кризата предизвикана од Ковид-19 и други антикризни мерки.

- Укажавме на потребата од зајакнување на постапката за усогласување на предлозите на буџетските барања помеѓу Министерството за финансии (МФ) и буџетските корисници. Ова е од клучно значење за минимизирање на ризикот планираните средства да не ги отсликуваат реалните потреби на буџетските корисници. Исто така, неопходно е Владата да биде информирана за причините за неусогласеност на бараните и одобрените средства на буџетските корисници. Законот за судскиот буџет, Законот за јавното обвинителство и Законот за рамномерен регионален развој јасно ја уредуваат висината на средствата што треба да бидат обезбедени секоја година преку буџетот за непречено функционирање на судската власт, јавното обвинителство и за поттикнување на рамномерен регионален развој - пишува во соопштението. 

Додаваат дека во анализата за 2023 година утврдивме дека со одобрениот буџет не се почитуваат законски утврдените износи:

- за Судската власт, законски утврдениот процент од 0,8% од БДП не е постигнат. Одобрените средства од само 0,3% од БДП е  58% помалку од законскиот лимит.
- Јавното обвинителство треба да добие најмалку 0,4% од вкупниот буџет на државата, доколку не се наруши праведната распределба на средствата. Одобрените средства за Јавното обвинителство од 741.477 илјади денари составуваат само 0,2% од буџетот за 2023 година.
- за реализација на потпрограмата за рамномерен регионален развој  треба да се обезбеди најмалку 1% од БДП. Одобрените средства преку Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој изнесуваат само 0,09% од БДП, што е на истото ниво како во 2022 година.

Во 2023 година, приходите од наплата на ДДВ составуваат значителни 45,36% од вкупните приходи, во нето износ од  70.035.889 илјади  денари, што е зголемување од 8% во однос на 2022 година. Од вкупно наплатениот ДДВ во бруто износ од 108.783.489 илјади  денари, 67% се од увоз на добра, додека 32% потекнуваат од промет во земјата. Повратот на ДДВ кон даночните обврзници во износ од 38.733.585 илјади денари е 36% од вкупниот бруто износ на наплатениот ДДВ, и е помалку за  13% во однос на 2022 година.

Данокот на личен доход учествува со 17,65% од вкупните даночни приходи и е остварен во износ од 27.257.341 илјади денари, што е зголемување од 14% од претходната година.

Данокот на добивка учествува со 10,96% од вкупните даночни приходи и изнесува 16.927.941 илјади денари, што е зголемување од 7% од претходната година. Ова зголемување се образложува со зголемениот износ на остварена добивка од работењето на правните лица - нагласуваат ревизорите. 

Притоа додаваат дека во текот на 2023 година, со извршувањето на инспекциски и даночни контроли, утврдени се неправилности во износ од 3.407.997 илјади денари, што претставува зголемување од 89% во споредба со претходната година. Ново утврдениот данок и други јавни давачки, кои треба да бидат наплатени во идниот период, изнесуваат 3.319.439 илјади денари. Од даноците откриени во текот на инспекцискиот надзор во 2023 година, 899.655 илјади денари веќе се наплатени, од кои 75% односно 674.743 илјади денари се приход на буџетот на државата, а останатите 25% се приход на самата УЈП.

- Во септември 2023 година, воведен е нов еднократен Данок за солидарност, како резултат на новиот Законот за данок за солидарност. По овој основ остварени се приходи во износ од 2.942.980 илјади денари а со цел справување со Ковид-19 кризата и други антикризни мерки согласно потпрограма П1 преку Владата.

Целта на овој данок е, во услови на непредвидливи и неповолни економски околности, секој да учествува во намирувањето на јавните расходи во согласност со своите економски можности. Дел од овие средства, во износ од 962.913 илјади денари, од Владата во ноември 2023 година се одобрени за зголемување на основната главнина во Железници на РСМ – Транспорт, а кои средства потоа се искористени за подмирување на обврските кон АД за производство на електрична енергија.

Во извештајот е истакнато дека според донесените одлуки на Владата, кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија завршува на 30 април 2023 година.

За побарувањата и обврските по основ на неплатен ДДВ, данокот на добивка и данок на личен доход од правните и физички лица кои се во надлежност на администрирање на УЈП, не е пропишана законска обврска за прикажување во нивните финансиските извештаи или во финансиските извештаи на Основниот буџет, што ја намалува транспарентноста  на побарувањата и обврските во Буџетот на државата. Сепак даночната евиденција на УЈП укажува на големи ненаплатени износи на побарувања од 31.555.400 илјади денари, односно нивно континуирано зголемување во однос на 2021 и 2022 година - укажуваат ревизорите. 

Потоа посочуваат дека има видно зголемување на приливите како од домашното така и од надворешното задолжување во 2023 година. Зголемувањето на надворешното задолжување од 104% во однос на 2022 година се должи на прилив на средства од издадена еврообврзница на државата на меѓународниот пазар на капитал во 2023 година.

Вкупните расходи и одливи на Основен буџет за 2023 во износ од 249.364.054 илјади денари се за 29,76% поголеми во однос на 2022 година.

Расходите за плати, наемнини и надоместоци во 2023 година во износ од 34.632.167 илјади денари претставуваат 13,89% од вкупните расходи на Буџетот и се поголеми за 14,38% во однос на 2022 година.

Расходите за Стоки и услуги во 2023 година во износ од 14.612.660 илјади денари, што претставуваат 5,86% од вкупните расходи на Основниот буџет за 2023 година и бележат зголемување од 4,5% во однос на 2022 година. 

Структурата на изворите на средства од каде Фондот за ПИОСМ ги обезбедува потребните износи за исплата на пензии и во 2023 година не бележи подобрување во однос на 2022 година. За покривање на дефицитот на пензискиот фонд од Основниот буџет исплатени се 16.515.500 илјади денари, односно 21% од вкупните средства на Фондот за исплата на пензии што е зголемување за 11,21% во однос на 2022 година и заедно со законски предвидените средства кои се доделуваат од Буџетот претставуваат 51% од вкупните средства на Фондот за исплата на пензии кои се обезбедуваат од Буџетот на РСМ.  

Можеби ќе ве интересира

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА „ПЛАЧЕ“ ЗА ГРАДЕЖНИЦИ: Недостигот од работна сила е голем

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА „ПЛАЧЕ“ ЗА ГРАДЕЖНИЦИ: Недостигот од работна сила е голем

Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски - Ѕинго?

Мала тајна на големиот бизнисмен! Каде волонтира Горан Ивановски - Ѕинго?

ЗОШТО „НАСТЕЛ“ НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ПРОДАДЕ ПЕТ АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - сумата е мала, само 10 илјади евра

ЗОШТО „НАСТЕЛ“ НА БИЗНИСМЕНОТ АЗМАНОВ ПРОДАДЕ ПЕТ АКЦИИ НА „РЕПЛЕК“ - сумата е мала, само 10 илјади евра

ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО - расте цената на акциите на компанијата

ДИРЕКТОРКАТА НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ И ЌЕРКА НА ДОНЕ ТАНЕВСКИ, МАРИЈА, ГО ЗАСИЛУВА ПОРТФОЛИОТО - расте цената на акциите на компанијата

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

ПОМАЛКУ САДИМЕ, УШТЕ ПОМАЛКУ ПРОИЗВЕДУВАМЕ – се намалуваат површините под пченица, но и доматите се помалку „раѓаат“

ТОПЛИНАТА МОЖЕ ДА ВИ ГО УНИШТИ АВТОМОБИЛОТ: Први на удар се гумите, а најмногу страда овој дел! И тоа не е се

ТОПЛИНАТА МОЖЕ ДА ВИ ГО УНИШТИ АВТОМОБИЛОТ: Први на удар се гумите, а најмногу страда овој дел! И тоа не е се

РОМАНИЈА, ГЕРМАНИЈА И БУГАРИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД - индустриското производство во ЕУ бележи надолна линија

РОМАНИЈА, ГЕРМАНИЈА И БУГАРИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД - индустриското производство во ЕУ бележи надолна линија

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Оваа информација ќе им се допадне на возачите

ОД ПОЛНОЌ НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: Оваа информација ќе им се допадне на возачите

САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ПОВЕЌЕ ОД 100 СКАПИ ПАРФЕМИ: Царината ги заплени, вредноста им е 240.000 денари

САКАЛ ДА ПРОШВЕРЦУВА ПОВЕЌЕ ОД 100 СКАПИ ПАРФЕМИ: Царината ги заплени, вредноста им е 240.000 денари