27 Април, 2024
0.0273

НАЈКРАТКАТА УЛИЦА НА СВЕТОТ: Потребни се само три чекори за да ја поминете

Објавено во: Свет 18 Март, 2024

Добивај вести на Viber

Најкусата улица на светот која е запишана во Гинисовата книга на рекорди има долга историја. Таа е долга само 2,06 метри и потребни се само 3 чекори за да се помине.

Во северна Шкотска, во живописниот приморски град Вик со богата историја, се наоѓа најкусата улица на светот Ебенезер плејс (Ebenezer Place). На второ место е улицата „Елгин“ (5,2 метри) во Бејкуп, западна Англија, според Гинисовата книга на рекорди.

Светот повторно слушна за градот Вик кога Гинисовата книга на рекорди во 2006 година ја призна улицата Ебенезер плејс за најкуса улица на светот. 

На неа се наоѓа и хотелот „Мекејс“. Сопственичката на хотелот, Ели Ламонт, која со својот сопруг Мареј денес го води хотелот, вели дека гостите се посебно воодушевени и од светскиот рекорд меѓу другото.

Инвеститорот Александар Синклер го изградил имотот во 1883 година откако од САД се вратил во Шкотска. Се наведува дека Градскиот совет му наложил на инвеститорот да го именува штотуку заградениот дел од улицата Јунион како посебна улица. Тогашниот закон наложувал така, па Ебенезер плејс во 1887 година официјално е прогласена за улица.

Градот има богата историја и како поранешно норманско село кое било меѓу најфреквентните пристаништа во Европа во 19 век. Бил познат и по текстилната индустрија, а имал и сопствена фабрика за волна. Овој шкотски град денес има богата културна сцена, со театар и со разни уметнички галерии.

Секоја година, градот Вик е домаќин на „Гала-неделата на Вик“ – седмица исполнета со концерти, изложби, спортски настани и со народни фестивали.

Местото е и домаќин на најсеверниот мотоциклистички настан во Велика Британија, „Нордкап ендјуро“, којшто привлекува возачи од целиот свет. Во гратчето се снимаат филмови и ТВ серии како светски познатата серија „Круна“.

Можеби ќе ве интересира

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

КУЌИ СРАМНЕТИ СО ЗЕМЈА, ВОЗОВИ ЛЕТАА ОД ШИНИТЕ: Десетици торнада ги погодија САД

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ЗА НАПАДОТ ВО МОСКВА: Руската полиција уапси уште еден Таџикистанец

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПОЧИНА БЕБЕТО КОЕ ЛЕКАРИТЕ ВО ГАЗА ГО ИЗВАДИЈА ОД УТРОБАТА НА УБИЕНАТА МАЈКА: По неколку дена се јавиле сериозни здравствени проблеми

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

ПИШУВАЛА АНТИВОЕНИ ГРАФИТИ: Руска тинејџерка е осудена на 3.5 години затвор

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

Ќе бидат потребни 14 години да се отстранат урнатините во Појасот Газа, вели официјален претставник на ОН

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

КИНА И САД ТРЕБА ДА БИДАТ ПАРТНЕРИ, НЕ РИВАЛИ: Кси Џинпинг го пречека Блинкен

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

„КРАЛОТ ЧАРЛС Е ВО МНОГУ ПОЛОША СОСТОЈБА ОТКОЛКУ ШТО СЕ ПРИКАЖУВА ВО ЈАВНОСТА“: Погребот активно се планира

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија

Официјално: Тенковите „Абрамс“ тргнати од првата борбена линија