07 Октомври, 2024
0.0242

Најмладиот по Мусолини во битка за кревање на Италија на нозе!

Објавено во: Анализа 18 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Матео Ренци - поранешниот извидник кој триумфираше во битката за власт со премиерот Енрико Лета, доживеа силен подем по лизгавата падина на италијанската политика. Во четвртокот за време на она што во Италија беше сватено од повеќето луѓе како превласт на дворецот, Ренци успеа да ја освои поддршката на својата Демократска партија , за да ја состави нова влада, принудувајќи го Лета да објави дека ќе поднесе оставка следниот ден. Триесет и девет годишниот Ренци е медиумска сензација од 2010 година, кога вети дека ќе ги испрати закоравените политичари на буниште во една земја, управувана од застарена и корумпирана власт. Тој беше избран за градоначалник на родната Фиренца во 2009 година и се издигна на националната политичка сцена следната година. Во декември беше избран за лидер на ДП со подмачкана предност. Ренци тогаш негираше дека сака да го урне Лета. Но сепак многумина не беа убедени, бидејќи во минатото Ренци безмилосно ги отстрануваше ривалите, како на пример поранешениот политички ментор Лапо Пистели, кого го победи на градоначалничките избори.
"Енрико не ми верува, но греши", изјави Ренци пред "Кориере дела сера" во јануари. "Мојата лична амбиција е доста неважна пред амбициите на мојата земја. Јас сум дел од еден тим", додаде тогаш тој.
Во четвртокот Ренџи ја оправда промената во позицијата за време на седницата на раководството на партијата во Рим, кое требаше да одлучи дали да формира нова влада, со зборовите: "Луѓето во политиката имаат право да преземаат ризици". Ренци му се заблагодари на Лета за завршената од него работа во 10-те месеци како премиер, пред да се потенцира "потребата од итна нова фаза и нова влада", што би можела да се одржи на власт до 2018 година. Одметникот од ДП, Џузепе Чивати изјави дека Лета бил ликвидиран како жирафата во копенхашката зоолошката градина, алудирајќи на убиството на жирафа Мариус во зоолошката градина на данската престолнина, јавниото сечење и фрлање на лавовите претходната недела. Лета одби во последен момент да учествува на средбата на раководството на ДС, која се емитуваше во живо на телевизија. Брзорастечка кариера Единствениот неуспех во брзо растечката кариера на Ренци беше кога тој ја изгуби можноста да ги предводи левоцентристите во Италија на изборите минатата година, откако беше поразен од поранешниот водач на ДП , Пјер Луиџи Берсани во декември 2012 година. Но Берсани ја трошел шансата, отворајки ја вратата за враќањето на Ренци. За време на неговото управување со ДС победи со 20 -процентна предност во анкетите на јавното мислење пред конзервативците, предводени од поранешниот премиер Силвио Берлускони. Следеше изборот на еден нестабилен парламент, што доведе до формирање на незгодна голема коалициска влада, предводена од Лета. Во тоа време, Ренци изгледа ја подготвувал премиерската функција. Тој си договори средба во текот на летото со највлијателниот европски политичар - германскиот канцелар Ангела Меркел. Тој исто така го убеди тврдокорниот електорат на ДП, кој гледаше со сомневање на неговите левичарски ставови дека е неговата најдобра надеж за постигнување на победа на изборите. За разлика од Берсани и многу други важни ликови од ДП Ренци нема комунистичко минато. Кој е Ренци? Тој е поранешен демохристијанин, кој го цитира основачот на движењето на извидништвото Роберт Беидн - Пауел и контактира повеќе со менаџери на хеџ фондови и со успешни бизнисмени, отколку со синдикалци. Критичари велат дека тој има голем стил, но малку содржина. Слични обвиненија беа упатени и кон еден од неговите примери за имитирање - поранешниот британски премиер Тони Блер. Односите на Ренци со Берлускони исто ги налутија почувствителните приврзаници на левицата. Двајцата се состанаа во 2013 година во вилата, каде поранешниот премиер беше домаќин на злогласните забави " Бунга Бунга ", и постигнаа договор минатиот месец за сеопфатни политички реформи. Ренци вети "радикални" промени, за да се подобри нестабилното управување на Италија и владеењето на правото, и за да се рестартира бледнеењето на италијанска економија. Роберто Д'Алимонте, професор од римскиот Слободен меѓународен институт за општествени науки "Гвидо Карл", кој го советува Ренци во проектот за реформа на изборниот систем, вели дека тој има "неверојатни политички инстинкти", но додава дека тој допрва треба да се докаже како државник.
" Тој сака да држи се под контрола, верува само на себе и се уште нема формирано владин тим", рече експертот минатата недела.
Водечкиот политичар од  Фиренца кој го  познава Ренци многу добро, вели дека " тој е многу способен и динамичен" уништувач " , кој треба да еволуира во мудар и далекусежен " созда".  "Тој практично е последното средство , да се надеваме на најдобро ", вели политичарот, кој побарал да остане анонимен. Ренци ќе биде најмладиот премиер на Италија по фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини , назначен на функцијата во 1922 година. К.К.