20 Декември, 2025
0.0422

Најмногу корупција има при вработувањето и меѓу инспекторите

Објавено во: Мои пари 28 Ноември, 2013 21:18

Добивај вести на Viber

Најголема корупција граѓаните сметаат дека има при вработување, а за најкорумпирани велат дека се инспекциските служби и градоначалниците. Ова се резултатите од анкетата на агенцијата Рејтинг која ја нарача Државната комисија за спречување на корупција. Притоа перцепцијата за корупција при вработување е највисока кај етничките Албанци со дури 54 отсто, но и анкетираните од големите општини (49%). Според резултатите, граѓаните кои не се информирани за работата на локалната самоуправа веруваат дека буџетските средства не се трошат за потребите на граѓаните, туку се искористуваат на коруптивен начин. Во тоа се убедени дури 64 отсто Албанци, а 44 отсто Македонци сметаат дека општинските пари се искористуваат наменски за граѓаните. Во периодот од 28 октомври до 1 ноември биле телефонски анкетирани 1080 граѓани од сите општини во државата. Степенот на информираност за работата на локалната самоуправа кај граѓаните во земјата е релативно висок (46.8). Жителите во малите општини се поинформирани за разлика од оние кои живеат во поголемите општини и градот Скопје. Прилично е висок процентот на оние кои сметаат дека средствата од буџетот во нивната општина не се користат за потребите на граѓаните туку, веројатно, за некои други потреби.

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии