19 Декември, 2025
0.0381

Најмногу промет и вработувања остваруваат трговците

Објавено во: Економија 22 Март, 2013 15:22

Добивај вести на Viber

Во секторот, Трговија на големо и на мало односно 45,6 отсто,спаѓаат најголем број претпријатија со 26,9 отсто од вкупните вработени и реализирани 41,1 отсто од вкупниот промет, покажуваат дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика. Во 2011 година, во рамките на структурните деловни статистики се анализирани 53.645 деловни субјекти во кои биле вработени 328.377 лица, остварен е вкупен промет од 924.227 милиони денари и е создадена додадена вредност од 209.592 милиони денари. Како втор по значење, секторот Преработувачка индустрија учествува со 13,2 отсто од претпријатијата, 31,2 отсто од вработените и 27,9 отсто од вкупниот промет. Во вкупната додадена вредност, пресметана според трошоците за факторите на производството, во 2011 година, најголемо учество имале претпријатијата од секторот Преработувачка индустрија со 26,3 отсто и од секторот Трговија на големо и на мало со 22,8 отсто. Во однос на големината, во 2011 преовладуваат микро претпријатијата со помалку од 10 вработени односно 91,3 отсто. Во нив биле ангажирани 33,8 отсто од вкупно вработените кои, пак, создале 25,6 отсто од вкупната додадена вредност. Од друга страна, големите претпријатија т.е. 0,2 отсто ангажирале 22,7 отсто од вкупно вработените притоа остварувајќи 29 отсто од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар